5 машки особини кои жените ги интересираат после 30-та

До 30-та година секоја жена запознала совршен, успешен маж кој буквално ќе ја маѓепса за дел од секунда. Запознала и такви кои си ги лечат комплексите и се неспособни за подлабок емотивен однос.

5-maski-osobini-koi-zenite-gi-interesiraat-posle-30-ta-01.jpg

Затоа што веќе видела сè, откако жената ќе наполни 30 години, важни и се исклучиво овие 5 особини кај партнерот.

1. Знае да сака

Мажот кој секој ден знае да ја искаже својата љубов, да ужива во женското присуство и да умее да разбере, без оглед на тоа како е расположен е единствениот кој ви треба во животот.


2. Искрен е

Има емоции и не се срами да разговара за нив, какви и да се. Признава кога е исплашен, збунет и не се повлекува кога негативните емоции преовладуваат. Сака да ги надмине пречките, не смета дека е слаб и баш затоа не се плаши искрено и отворено да ги каже сите овие работи.


3. Не се плаши од спротивните мислења

Сосема е нормално да имате различен став. Тој не смета дека неговото е правилно, а вашето погрешно само затоа што е различно. Ги почитува аргументите и подготвен е на компромис.


4. Ја почитува и поддржува

Сите женски желби и барања ги сфаќа сериозно и никогаш нема да каже дека планот нема да ви успее. На жената и е потребна поддршка и кога успева и кога ништо не и оди од рака. Мажот кој се чувствува подготвен да ја врати рамнотежата во нејзиниот живот е оној кој ја заслужува.


5. Горд е на неа

Треба да знае да и се восхитува затоа што успева, добро изгледа, забавна е, духовита... Не затоа што освоил таква жена, туку затоа што чувствува дека нејзината љубов буквално е благодет и среќа сама по себе.

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Ножички со седење – секс поза во која жената има целосна контрола (18+) Можеби сте ја пробале секс позата „ножички“, но дали некогаш сте пробале „ножичк...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg