Не знаев што значи да бидам сопруга: Се омажив со момчето кое го сакав, но згрешив

Ова е приказна на една млада жена која се омажила веднаш по завршувањето на средно школо, заради страв да не го изгуби мажот кој толку многу го посакувала. Но, згрешила.

nemav-ni-s-od-sopruga-se-omaziv-so-momceto-koe-go-sakav-no-toa-bese-ogromna-greska-01.jpg

Прв пат се омажив на 18 години, само 6 месеци по завршувањето на средно училиште. Не бев бремена.

Сепак, затоа што претходно ја изгубив најдобрата пријателка во голема несреќа, се плашев да не останам без уште една сакана личност.

Моите родители се надеваа дека ќе студирам. Дури ми беше понудена и стипендија која ја одбив затоа што мислев дека нема да се најдам сама, во голем град, без ниту една пријателка. Никогаш не бев самостојна, а единствената грижа која ја имав беше отплаќањето на автомобилот.

Мажот за кој се омажив беше 4 години постар од мене, работеше во војска и за разлика од мене беше целосно самостоен.

Имавме голема свадба, а јас во бракот влегов невина на што бев неверојатно горда.

На 25 години веќе имавме 2 деца.

Нашиот брак почна да се распаѓа брзо по венчавката. Не знаев како да бидам добра жена, а останав бремена. Во тоа време почнав да работам во старечки дом, но кога почнував да ги поткревам и придржувам старите изнемоштени пациенти чувствував неподнослива болка. Сфатив дека нема да можам уште долго да работам.

Мојот сопруг не беше среќен затоа што ни требаа пари.

Многу брзо по раѓањето на ќерката добив нова, добро платена работа која ми одземаше многу време. И јас и сопругот работевме на смени, па ретко се гледавме.

Тешко беше да ја балансирам работата со мајчинството, затоа што сфатив колку сум незрела.

Нашата втора ќерка ја родив 3 и пол години подоцна.

Бев 25-годишна девојка со 2 деца која не ја проживеала младоста. Им завидував на врсниците, а бракот се повеќе ме задушуваше.

Не го обвинував него...

И така на 29 години одлучив дека е доста. Го оставив. Тој ме молеше, но јас своето го кажав. Дури и запишав факултет и станав многу посамостојна.

Ми требаше некое време за повторно да се сретнам со него и да му се извинам затоа што бракот се распадна заради мојата незрелост. Сега сме пријатели, родители и дедо и баба.

Не жалам за ништо, само мислам дека требаше да почекам.

Кога го оставав ми рече дека никој нема да ме сака како него. Искрено, верувам во тоа. Штета што се сретнавме толку млади...

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg