5 работи кои треба да ги правите за вашата девојка

Затоа што тоа го заслужува - кратко и јасно. Не мора да биде нешто спектакуларно, скапо или луксузно, едноставно доволно е индиректно да го добие признанието дека е добра и ценета девојка или жена.

5-raboti-koi-treba-da-gi-pravite-za-vasata-devojka-01.jpg

Покажете малку поголема почит и пожртвуваност. Започнете од овие 5 работи:

1. Однесете и нешто кога одите кај неа

Не мора цвеќе. Нека биде нешто што знаете дека и треба и дека го сака. Така ќе покажете дека обрнувате внимание на она што ви го зборува, дека ја познавате и ги знаете нејзините навики и потреби. Пакување мусли, кафе, шолја за утринското кафе или омиленото чоколадо се само дел од идеите.


2. Не преминувајте преку нејзиното „ништо не ми е“

Секогаш е нешто, можеби стрес, можеби ПМС. Ако веќе забележавте дека е нешто сериозно, не и верувајте на изговорите, туку натерајте ја да зборува за тоа. Верувајте дека имате врска со проблемот, дури и кога мислите дека немате никаква допирна точка. Можеби не ви е логично, но така е. Само малку вклучете го мозокот и потрудете се да изнудите разговор.


3. Бидете на располагање

Не дозволувајте да преноќи сама кога е болна или да ја одбегнувате кога е во неподнослив ПМС. Не е толку тешко колку што ви се чини.


4. Дајте и внимание кога сте во друштво

Нејзино или ваше, сеедно, таму сте како пар и вашето внимание ќе и ласка. Не се плашете да покажете нежност, интима и припадност пред другите, нема да бидете помалку мажествени, само таа ќе биде позадоволна и посреќна.


5. Бидете најдобар љубовник што можете

Овозможете и го уживањето кое го заслужува, поместете ги границите на обичното и дозволете и истражете си ги капацитетите. Бидете див и нежен, страствен и контролиран воедно. Само така ќе бидете најдобриот што го имала во животот.

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Ножички со седење – секс поза во која жената има целосна контрола (18+) Можеби сте ја пробале секс позата „ножички“, но дали некогаш сте пробале „ножичк...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg