Зошто лажењето е клуч за успешна врска?

Знајте дека Свети Валентајн не ја слави вистината. Во никој случај! Врските траат само тогаш кога не го кажуваме тоа што го мислиме. Понекогаш мораме да ги замаскираме своите чувства, да го кажеме тоа што не го мислиме и да се насмееме тогаш кога ни доаѓа да врескаме. Накратко, мораме да лажеме.

zosto-lazenjeto-e-kluc-za-uspesna-vrska-0

Сите лажеме, и точка! Всушност, истражувањата покажале дека во најобичен разговор со некого, луѓето просечно лажат на секои десет минути. А особено лажеме кога станува збор за љубовта.

Тоа е така поради две многу едноставни причини: бидејќи за љубовта се грижиме многу повеќе отколку што се грижиме за сите останати работи и поради тоа што љубовта прави да се плашиме, а токму грижата и стравот се најчестите причини за лажење.

Се почнува од детството. Зошто лажевме како деца? Поради тоа што не сакавме два часа под казна да стоиме во ќош, поради што се грижевме што ќе мисли за нас симпатијата од соседното одделение, поради што се плашевме дека мама нема повеќе да не сака ако и признаеме дека сме го изгубиле нејзиниот прстен.

„Тоа е законот на послушноста кој ја предизвикува потребата за лажење кај децата“ пишува Жан-Жак Русо во своите филозофски текстови за одгледување деца. Иако стравот е голема причина за лажење, потребата за љубов и прифатеност е уште поголема.

Личностите кои се чувствуваат издадено од страна на оние кои ги сакаат вообичаено се оние кои имаат нереални очекувања во врска со вистината. Ако сакаме да бидеме со некого, мора да бидеме спремни да излажеме, но и да поверуваме во некоја лага. Ако искреноста сепак ви е толку важна, тогаш слободно прифатете го тивкиот манастирски живот.

Секако дека се шегуваме, но постојат и примери за ова - Имануел Кант, кој тврдел дека лагата секогаш е погрешниот пат, останал ерген цел живот. Озлогласениот мизантроп Артур Шопенхауер, исто така борец за вистината и противник на романтичната љубов, кој инсистирал дека бракот е начин како на двајца да им се згади еден од друг, најголемата предаденост во животот ја нашол кај - пудлиците.

Сепак, најголемиот дел од луѓето сакаат да сакаат и да бидат сакани. Значи, кои се лагите кои треба да ги кажуваме и во кои треба и самите да поверуваме? Сетете се на лагите кои родителите ви ги кажувале кога сте биле деца: „Можеш да бидеш се што ќе посакаш“, „Со време, станува полесно“, „Другите деца ти се љубоморни зошто ти си толку попаметна од нив“...Е, за таквите лаги зборуваме, тие кои ни помагаат да го истуркаме денот: „Ти си најубавата жена во собата“, „Ти си единствениот маж кој ме разбира“.

Освен тоа, нешто што сега е вистина, веќе во наредниот час може да стане лага. Некои денови „Те сакам“ воопшто не звучи искрено но ја искажува подлабоката вистина која е неопходна за да се одржи љубовта.

zosto-lazenjeto-e-kluc-za-uspesna-vrska-1

Сетете се само колку пати досега самите свесно сте поверувале во некоја лага. На пример, кога ќе забележите дека вашиот партнер загрижено гледа пред себе и молчи, ќе го прашате за што размислува, а тој ќе ве увери со соодветна лага дека размислува за вчерашниот натпревар. Или кога тој вас ќе ве праша „Ете толку ли ти беше тешко тоа да го кажеш?“ а вие ќе му одговорите со „Не.“

Секако, постојат добри и лоши лаги. Кога станува збор за љубовта, и искреноста и измамата мора да бидат умерено практични. Само тогаш можеме да уживаме во здравата илузија на љубовта. Одисеј, Клеопатра, Шехерезада, Дон Жуан - сите големи љубовници биле и вешти прикривачи на вистината.

Љубовата е подобра од самата вистина. Подобро оставете ја немилосрдната потера по вистината за некои други, повисоки цели а во љубовта поведете се според вечните стихови на Шекспир:

“Не грижете се толку за јазлите кои ја држат вистината, подобро грижете се еден за друг.“

Би можело да ве интересира:

„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg