Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Дали ТОЈ ве третира на начин на кој што заслужувате?

Девојките како понежна половина понекогаш не добиваат баш и така нежен третман каков што заслужуваат од страна на мажот во врската.

dali-toj-ve-tretira-na-nacin-na-koj-sto-zasluzuvate-1

 Проверете дали вие го добивате однесувањето кое го заслужувате од страна на вашиот партнер и дали ТОЈ навистина ве почитува преку овие неколку знаци:

Тој не внимава како разговара со вас

Доколку вашиот сакан не внимава дали низ разговор може да ве навреди или да ви каже нешто невкусно што не му доликува, тогаш тој едноставно не ве третира како што треба во врската.

Покажете му дека сте културни и заслужувате некој сличен на вас во врската, во спротивно доколку не се поправи, вие бидете некултурни и заминете без збор.


Не посветува внимание на вашето внимание

Вие го изненадувате со подарок, романтична вечера или гледате заедно со него важен натпревар кој знаете дека не би го пропуштил.

Што прави тој?

Доколку на сето тоа кима со главата и се однесува како да не се случило ништо, не го заслужува вашето внимание бидејќи едноставно не обрнува внимание на него.


Не се грижи за вас

Не ви се јавува да ве праша дали сте стигнале безбедно, дали сте во ред кога не го барате подолго време, или кога сте болни воопшто не контактира со вас додека не оздравите?

Сигурно дека не ве третира на начин на кој што тоа го заслужува личноста која ја сака, доколку навистина ве сака.


Тој не се грижи ниту за себе

Нема цели и соништа кои би ги следел, ниту пак причина за будење наутро.

Тој едноставно не се грижи за себе. Како би се грижел за вас и би ве третирал на добар начин, кога сам не знае како да се третира себеси?


Флертува со други пред ваши очи

Тоа дефинитивно не е начин на третирање на својата девојка доколку ја сакаш истата. Кога некого сакаш, едноставно не флертуваш со друг, посебно не пред негови очи.


Во сексот се грижи само за своето задоволство

Него му е важно само неговото задоволство и гледа на вас како на секс машина која не мора да биде задоволена.


Не ви кажува колку му значите

Што значи дека најверојатно и не му значите многу. Да би било спротивно не би го криел тоа долго време.


Доколку вашиот сакан ги прави повеќето од овие работи, бидете сигурни дека не ве третира на начин на кој што тоа вие го заслужувате, секако доколку и вие се однесувате сосема коректно кон него.

Девојки, ги пронајдовте вашите момчиња?

Би можело да ве интересира:

„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg