Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Експеримент: Исповед на 2 пара кои немале секс еден месец

Сексот е важен дел од врската на паровите, особено во бракот. Просечен брачен пар има секс 3 пати месечно, а еден во 20 парови можат да издржат во долга апстиненција.

eksperiment-na-2-para-sto-ke-se-sluci-posle-eden-mesec-bez-seks-01.jpg

За да се докаже колку е сексот важен во бракот, спроведен е експеримент во кој учествувале 2 пара што треба да издржат еден месец без секс, а да продолжат нормално да се однесуваат во сè друго преку денот.

Пар 1: Крис и Џуди

Крис прво не сакал да се нафати за да учествува во експериментот, но поради желбата на Џуди да се обидат, сепак се согласил. Уште на почетокот се забележала голема разлика во нивното однесување, нервозата, расположението. Почнал да размислува дека воопшто не му требало тоа и дека е подобро да прекинат, но знаел дека неговата сопруга ќе се придржува на правилата. Последниот викенд од месецот дури се обидел да ја заведе и по неколку чаши вино, сепак била решена да остане доследна до крај. Тоа уште дополнително го лутело, што таа може да издржи и да не попушти.

Во очите на Џуди пак, работите изгледале многу слично, со тоа што кога тој се трудел да ја избегне, почнала да се загрижува дека не го интересира или дека може да издржи без неа. Ја нервирале ситници, како несредена облека, растурена маса и слично. Работи што претходно ги правела нормално без да забележи кој кога растурал, но сега ѝ пречело буквално сè.

На крајот, успеале да издржат, но едвај го дочекале првото утро по еден месец и се препуштиле целосно на уживањето. Она што го сфатиле од апстиненцијата е дека сексот е исклучително важен дел од нивниот живот, не смеат да го запостават, но не смеат ниту да го сфаќаат здраво за готово.

eksperiment-na-2-para-sto-ke-se-sluci-posle-eden-mesec-bez-seks-1.jpg


Втор пар: Натали и Ник

Натали и Ник се во брак 7 години, но на Ник ова му е втор брак. Имаат проблем со зачнување на дете, но никогаш немале проблем со либидото. Имаат активен сексуален живот, 4 пати неделно, па ова било навистина голем предизвик за нив, да издржат цел месец без секс.

Ник првата недела бил настинат, па и потребата и желбата му била намалена и полесно можел да се контролира. Но, кога дошол викендот и се разбудил утрото, знаејќи дека не може да има секс со својата сопруга, веќе не му било сеедно.

Често времето го поминувал во градината за да биде зафатен со некаква активност и побрзо да му поминува времето.

Од друга страна, Натали забележала дека е понервозна и речиси сè ѝ пречело. Времето кое Ник го поминува во градината ѝ претставувало дополнителен проблем. Со оглед на нивната претходна сексуална активност не издржале и по 2 недели, додека лежеле еден покрај друг, почнале да водат љубов. Следното утро Натали била малку лута што Ник ја искористил нејзината слабост, но решиле да го продолжат експериментот бидејќи сакале да си докажат дека меѓу нив има и нешто повеќе од физичка страст.

За да го надоместат недостатокот од секс, почнале повеќе да флертуваат, да разговараат, да се освојуваат, но без да го имаат главниот чин. Така многу повеќе се поврзале, за на крајот на месецот да го имаат најдобриот секс.

eksperiment-na-2-para-sto-ke-se-sluci-posle-eden-mesec-bez-seks-2.jpg

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg