Што си помислува ТОЈ за време на секс?

Исто како што жените си помислуваат различни работи пред сексот, за време на сексот или после сексот, така и мажите го прават истото.

sto-si-pomisluva-toj-za-vreme-na-seks-1

Ова се тие 6 работи кои вашиот сакан си ги помислува секогаш за време на сексот со вас.

Дали сум внатре?

Мажите секогаш се прашуваат едно исто кога започнува сексот, а тоа е дали се наоѓаат на вистинско место, во вистински агол, после тоа следното прашање е...

Дали таа ужива?

Иако мислите дека вашиот сакан се грижи само за неговото задоволство, грешите, тој се грижи повеќе за вашето и постојано се прашува дали го добивате истото за време на сексот со него.

Се надевам дека ова ќе ми се исплати во орален секс...

Кога испробува работи кои вие ги сакате, а тој не или вашата омилена поза која него не му е баш најомилена, вашиот сакан се надева дека таа услуга ќе му се врати со добар орален секс.

Дали таа доживеа оргазам?

Многу девојки и жени, срамејќи се да покажат дека се пред доживување на оргазам или веќе го доживеале истиот, знаат да го направат мажот да се прашува дали таа воопшто доживеала оргазам.

Дали таа сака да смениме поза?

Една иста поза во текот на целиот секс може да биде доволна за задоволство, но во некои случаеви добро е да се сменат неколку секс пози за поголемо задоволство и разбивање на монотонијата во сексот.

Доколку не му кажувате на вашиот партнер дека сакате да ја смените позата, а не реагирате никако на таа што ја практикувате во моментот, голема е веројатноста тој да се прашува да не сакате да ја смените секс позата.

Пајак, глушец, Дедо Мраз...

Мажите за разлика од жените може да доживеат полесно оргазам, па затоа често за време на секс мора да размислуваат на глупави работи кои ќе им го одложат задоволството.

Доколку вашиот сакан често се обидува да го одржи подолго време темпото на сексот, бидете сигурни дека е многу возбуден и го одложува задоволството обидувајќи се да ве задоволи максимално.

Би можело да ве интересира:

7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg