5 тајни за добар секс кои никој не ви ги кажува

Советите на искусните сексуални терапевти често се многу поразлични од „проверените“ рецепти за страст со кои не засипуваат пријателите и медиумите.

5-tajni-za-dobar-seks-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazuva-0

Дознајте ги петте тајни кои никој не ви ги кажува во врска со навистина добриот секс.

1. Добриот секс се планира

Спонтаноста е една од најважните работи во животот. Постојано слушаме за важноста на импулсивноста и ништо чудно што мислиме дека најдобриот секс е оној кои се случува спонтано и непланирано.

„Се запознавме во три, веќе во четири бевме во кревет“- ваквите изјави за многумина се знак за вистинска страст. Но, во реалноста работите не се толку едноставни. Знаењето дека вечер ќе падне секс е возбудување само по себе.

Кога знаеме дека ќе имаме секс, дури и секојдневните мали нешта на кои инаку не обрнуваме внимание, како шминкањето или чешлањето, стануваат вистински еротски ритуали, а да не зборуваме за одбирањето на секси долна облека. 


2. Добар секс е чест секс

Ако нешто имаме во изобилие, па макар и да е најдобро, полека ја губи идејата за ексклузивност. Со време, паѓаме во рутина... Но размислете уште еднаш, бидејќи сексот е исклучок - зачестеноста само ја зголемува желбата!

Кога ретко имаме секс, секој однос ни е како сервирање вечера на гладен. Може ли некој кој долго не јадел да се сосредочи на нијансите на вкусот, на финесите на сервирањето? Тешко, вистинската гастрономија почнува таму каде што гладот престанува.

Слично е и со сексот - честото консумирање не охрабрува да експериментираме, да ја менуваме динамиката, да го бараме сопствениот сексуален идентитет.

5-tajni-za-dobar-seks-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazuva-1

3. Добриот секс вклучува (интер)акција

„Важно е да се сакаме, нема потреба од зборови, тоа се чувствува.“, „Ахх, тој е вистински вулкан во кревет, да ги видиш само тие стомачни.“, „Не зборуваме многу ама затоа сексот... Сексот!!!“ Често со завист ги слушаме пријателките кои надолго и нашироко ни раскажуваат за сексуалните авантури кои ги доживеале но колку навистина уживале?

Сексуалните терапевти сметаат дека е секси да разговарате со партнерот. Тоа секако не значи дека треба да му кажувате како сте си поминаме на педикир или како сте заглавиле во сообраќајната гужва, но пожелно е да зборувате за самиот секс. Кажете му како ви е најубаво, покажете му кој допир највеќе ве „пали“ . Исто така, подобро е да зборувате позитивно - ако на пример не ја сакате „кучешката поза“, а ја сакате каубојката, место да му кажете „Тргни се, мразам доги“ шепнете му заводнички „Сакам да да те јавнам“. И секако, ако ви се вреска - врескајте!


4. Добриот секс е опуштен

Одлично е што сексот не го ограничувате само на креветот но многумина сакаат несигурностите да ги покријат со посебни акробатски вештини па сакаат за време на една единствена секс партија да ги „поминат“ и трпезариската маса, и ѕидот, и каучот, и машината за перење алишта...

Во сексот е најважно да не се брза. Останете таму каде ви е убаво. И да сте на едно место, се уште имате доволно простор за експериментирање со длабочината на пенетрацијата, брзината, времетраењето...

5-tajni-za-dobar-seks-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazuva-2

5. Добриот секс е (ваша) приватна работа

Некој сметаат дека оргазмот се брои само ако вие и партнерот го доживеете во ист миг. Или мора задолжително да се гледате во очи. Замислете само како тие ваши очекувања би ги споиле, да речеме, со „кучешката“ поза.

Технологијата донекаде може да помогне но колку од страста може да остане во ситуација каде типот за време на сексот држи мобилен на селфи - стап додека девојката пред себе стиска камера споена со телевизор? Ако некој од партнерите воопшто успее да стигне до оргазам во таква поза , што ако во најважниот момент се извлече некој кабел?

Не сакаме да ги обесхрабруваме оние сакаат врвот да го достигнат на таков начин но вашиот оргазам, како и се што чувствувате за време на сексот, се ваши и само ваши. Ако сакате силно да ги затворите очите и со сета сила да ја гушкате перницата во која сте ја бутнале главата, бидејќи на тој начин најинтензивно го почувствувате оргазмот, тогаш тоа е вашиот рецепт за задоволство.

Не е убаво да се биде себичен во сексот, но некои чувства едноставно не се за делење.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg