Вистинските причини зошто тој ви раскина

Доколку и вие сте една од оставените девојки, наводно без некоја посебна причина, можеби е подобро да размислите уште еднаш.

vistinskite-pricini-zosto-toj-vi-raskina-01

Никој не го остава она што го сака, но причините и поводот кој допринеле за таква одлука не ви се доволни вам, но биле за вашиот партнер. Ова се дел од нив:

Не сака да биде повреден

Можеби звучи смешно, но ако и порано го повредувале можеби едноставно е исплашен. Но, можеби ја смислил најлошата причина за да ја прекине врската со вас. Во секој случај, почитувај го неговиот избор и продолжете понатаму. Тој не е вистинската личност за вас.


Тој повеќе сака да биде сам

Утешете се: Ако на вашиот избраник му треба цела вечност за да ве повика на состанок или размислува дали да го остави фудбалскиот натпревар и да ви се посвети вам, тој никогаш и не бил за вас.

vistinskite-pricini-zosto-toj-vi-raskina-1.jpg

Не гледа иднина со вас

Иако ви звучи чудно и момците размислуваат за иднината покрај вас, тогаш нема да да го трошат залудно ни своето ни вашето време, и тоа е фер. Не го очајувајте, туку побарајте партнер кој ве гледа покрај себе.


Не сте сексуално компатибилни

Некои луѓе едноставно не сакаат исти работи и не си одговараат еден на друг. Можеби сметате дека ова не е доволно добра причина за раскинување, помислете дека мажите не размислуваат исто како жените. Од друга страна, и двајцата треба да бидете задоволни во креветот, а не некој да се жртвува за другиот.


Ве сака, ама не толку многу

Понекогаш врската почнува одлично, но на крајот завршува неславно. Можеби и не било најсјајно на почетокот, но сте се надевале дека ќе биде подобро. За жал, и тоа се случува. Подобро да го спречите на почетокот, отколку кога односот ќе стане подлабок.

vistinskite-pricini-zosto-toj-vi-raskina-2.jpg

Не сте на иста бранова должина

Можеби сака сериозна врска, а вие послободна или обратно. Во тој случај се работи за погрешна личност во погрешно време. Може да се случи и од ваша и од негова страна. Не е лесно да се најде вистинската личност.


Сакате различни работи

Вие сакате деца и голема куќа во блиска иднина, тој сè уште сака само добра забава. Вашите желби се убави, но залудно е ако не ви се заеднички.


Ти си супер, но...

Ви звучи како најлошиот можен изговор, но ако размислите посериозно, можеби тој вас ве цени како личност, симпатични сте му  ви посакува сè најдобро, но едноставно нема хемија. Не сте вистинската и тоа треба да го прифатите што поскоро, да го пуштите да ја најде и вие да го најдете својот вистински.

vistinskite-pricini-zosto-toj-vi-raskina-3.jpg

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg