Остани со тој што ти зборува слатко, бидејќи ќе те сака уште послатко!

Тој што ти зборува слатко, не значи секогаш дека најслатко ќе те зафркне во животот. Тој што ти зборува слатко можеби го има рецептот за разблажување на животот дури и кога е горчлив.

ostani-so-toj-sto-ti-zboruva-slatko-bidejki-ke-te-saka-uste-poslatko-2

Еспресо со шеќер не оди, но за него оди. Oстани со тој што ти става шеќер во еспресото колку и да го убедуваш дека е залудно.

Верувај дека  кога ќе голтнеш од тоа кафе, ќе ја почувствуваш блажината во сета горчина.

Истото ќе ти се случува и во љубовта, кога ќе сакаш да заминеш. Таа негова блажина ќе те врати назад да пробаш уште една голтка и да порачаш уште едно еспресо подготвено за заблажување.

Кога ќе сакаш да заминеш од тој што ти зборува слатко, поради свои причини, нема да имаш сила, ниту храброст бидејќи тој што ти зборувал слатко, сигурно ќе те сака уште послатко.

А од многу слатко се крева љубовта во тебе, стануваш зависен и повторно се враќаш на истото место каде што си бил среќен.

Остани со тој што ти зборува слатко, бидејќи неговата љубов е како разблажена вода со шеќер која ќе те смири во моментите кога си исплашена, под стрес, нервозна...

Тој што ти зборува слатко, ќе те натера да се заљубиш во неговите зборови, а потоа во неговите дела, ќе биде комплетен, а ти ќе посакаш да го задржиш за цел живот.

Кој не посакува слатка љубов која ќе му ги разблажува деновите со убави зборови и уште поубави дела?

Секој, а кога ти ќе го најдеш тој некој кој ќе ти зборува слатко, остани со него бидејќи тој ќе те сака уште послатко.

Ќе се насладуваш на твојот љубовен живот, иако сите ќе мислат дека тој те манипулира со зборови, ти ќе знаеш дека си манипулирана свесно само од неговата љубов на претек.

Остани со тој што ти зборува слатко, бидејќи никогаш нема да се обидe да те повреди, тоа не е негов стил. За да те повреди треба да ти каже горчливи зборови, а тој знае само слатки.

Остани со тој што ти зборува слатко бидејќи наместо да ти понуди раскинување како опција при секој проблем, тој ќе ти понуди сладок збор, дел од своето срце и парче чоколадо колку да си ја заблажиш устата и да се потсетиш на него.

Сè што е слатко ќе те потсетува на него доколку го оставиш, затоа остани. Oстани со тој што ти зборува слатко и дозволи без страв да те сака уште послатко.

Но, не заборавај да возвратиш и ти со иста мера, само така ќе си ја кревате љубовта меѓусебно наместо шеќерот.

Ќе патите од љубовна болест, а од неа досега никој нема посакано да се излечи.

ostani-so-toj-sto-ti-zboruva-slatko-bidejki-ke-te-saka-uste-poslatko-1

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg