5 поплаки од мажите за работите кои им пречат во бракот

На почетокот се беше совршено за вас двајца. Љубовта беше бескрајна и бевте подготвени заеднички да создадете семејно гнездо, но нештата сега се изменети.

5-poplaki-do-mazite-za-rabotite-koi-im-precat-vo-brakot-01.jpg

Секојдневните фрустрации и проблеми направија да заборавите и на партнерот и на себе си.

Ова се 5 работи кои ве прават несреќни, а може едноставно да ги измените.


1. Со нив се однесувате како со „банкомат“

„Би сакал повеќе да ме цени. Би сакал наместо да ме поздрави со листата на намирници кои треба веднаш да ги купам, да ме поздрав со топла прегратка и бакнеж“.

Мажите посакуваат да бидат ценети, особено кога се враќаат по напорниот работен ден дома.

Брачните терапевти советуваат триесет минутна меѓу зона каде можете заедно да дојде до издишка и да разговарате за тоа како ви поминал денот и кои се вашите фрустрации.


2. Престанавте да имате заеднички забавни активности

„Кога излегувавме се беше забавно, но сето тоа отиде во вода откако се земавме“.Некогаш ја делевте љубовта кон спортот, добрата храна и читањето книги, но сега сето тоа исчезна. Секој си ја гледа својата работа.

Нормално е секојдневните одговорности да ве прават уморни и единственото нешто што сакате да направите да биде легнувањето во кревет и заспивањето, но тоа не треба да биде секогаш така.

5-poplaki-do-mazite-za-rabotite-koi-im-precat-vo-brakot-1.jpg

3. Разговорите се однесуваат само на децата

„Знам дека понекогаш ја земам здраво за готово. Таа е најодговорната во семејството и сака да биде добра мајка, но не мора да разговараме само за тоа“.

Секако дека центарот на вашиот свет се децата, но тоа не значи дека 100% од времето треба да разговарате само за нив.

Еднаш кога децата ќе легнат во кревет можете малку време да потрошите и за себе си и за вашите потреби.


4. Сексот не постои

„Мојата жена беше сексуално поискусна од мене и тоа ми годеше. Со неа секогаш ми беше добро, но само додека не се земавме. После се замре“.

Сексуалноста не се губи така едноставно. Мора да постои нешто повеќе што предизвикува намалено либидо.

Не дозволувајте секојдневните фрустрации да го уништат вашиот сексуален живот, опуштете се и препуштете се на сензуалното експериментирање.

5-poplaki-do-mazite-za-rabotite-koi-im-precat-vo-brakot-2.jpg

5. Нештата кои во минатото ви одговарале, сега ве нервираат

„Бев неизлечив романтичар и се уште сакам да бидам, но мојата жена едноставно само се иритира од моите предлози“.

Врските се менуваат и развиваат и понекогаш нормално е некои од квалитетите кај партнерот едноставно повеќе да не ви се допаѓаат.

Клучно е да најдете заедничко разбирање и да се обидете да ги промените нештата кои не ви се допаѓаат.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„Морам да имам секс по 3 часа за да останам во форма – дечко ми ме остави, не можеше да го следи мое... „Веќе 4 месеци ја држам оваа диета и да, тоа беше навистина интензивен период. Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg