Зошто и кога треба да му/ѝ дадете уште една шанса на бившиот/та?

Дека бившиот партнер со причина е бивши е реченица која сте ја слушнале многу пати  и најчесто има голема вистина во тоа. Но, понекогаш љубовта е толку силна, а проблемите не се нерешливи, па најдобро е да ѝ дадете уште една шанса на врската.

zosto-i-koga-treba-da-mu-i-dadete-uste-edna-sansa-na-bivsiot-ta-01

Ако се пронајдете во некоја од следните причини и ситуации, можеби треба да размислите и да се вратите на бившиот/та:

1. За опстанок на врската е важно партнерите да се сретнат во вистинско време. Ако едниот од нив има проблеми, некој доживува големи животни промени или се бара себеси. Постои можност еден од партнерите да влетал во врската наеднаш и да си замине без збор, за по една година да сфати и да реши дека сака да се врати и да се посвети максимално.


2.
Доколку се работи за тазе завршена врска, многу е тешко да се влезе во нова и многу е веројатно дека брзо ќе заврши. Но, тоа не значи дека малку подоцна, кога ќе се залечат раните не треба да си дадете уште една шанса.


3.
Кога сте во некоја љубовна врска понекогаш е тешко објективно да се гледа на неа, но затоа е полесно да се гледа објективно на сè она што се случува откако ќе заврши. Тогаш се сфаќаат некои работи со „ладна глава“ и се почнува од почеток. Може да почнете да излегувате и со други и да сфатите дека ви недостигаат сите работи од претходниот партнер, без разлика колку ви е убаво со новиот. Тоа е знак дека треба да се вратите назад.


4.
Постојат желби и постојат потреби. Потребите се нешто без кое не можете да живеете, а желбите се она што го сакате. Можеби понекогаш ја мешате желбата за згоден фраер со многу пари и забавен живот и потребата за некој да ве исполни емотивно, да се грижи за вас и да ве разбира. Ако вашата свест се развие во таа смисла и ако сфатите дека бившиот/та ве прават среќни, тогаш тоа е врска што вреди  да добие уште една шанса.


5.
Животот не може секогаш да го планирате без оглед на тоа колку се сака нешто. Помеѓу останатото значи дека не можете секогаш да планирате кога би сакале да се венчате со некој или да имате деца. Можеби вашиот животен план не е во тој момент ист со оној на партнерот па сте одлучиле да пронајдете некој нов. Но, кога сфаќате дека никој не е како вашиот поранешен партнер и почнувате да верувате сека сте го/ја оставиле токму Вистинскио/та. Можеби е подобро да се обидете уште еднаш.

Би можело да ве интересира:

3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg