Отровни женски изјави: 8 реченици кои го „убиваат“ секој маж

Мажите и жените често не го зборуваат истиот јазик. Кога станува збор за женскиот речник, работите не се така едноставни. Жените не го мислат секогаш тоа што го кажуваат.

otrovni-zenski-izjavi-8-recenici-koi-go-ubivaat-sekoj-maz-01.jpg

Кога ќе слушнете некои од овие изјави бидете сигурни дека нешто не е во ред и дека ви се подготвува жестока расправија која ќе се случи порано или подоцна.

1. „Сеедно“ - Всушност сакаат да ве изнервираат.

2. „Ништо“ - Обично ова е одговорот кој следи по прашањето: „Што не е во ред?“, но реалноста е дека во главата и се вртат многу работи кои сакаат вие самите да ги дознаете. Обично по овој збор следи олуја.

3. „Добро“ - Најчесто доаѓа по вашето расправање и неговата цел е да ви каже дека најдобро е да замолчите и да престанете со расправијата.

4. „Само напред“ - Оваа реченица не смеете во ниту еден случај да ја сфатите како зелено светло. Вистинската реченица која се крие зад оваа е: „Само ти пробај“.

5. Во ред“ - Кога ќе ја чуете оваа реченица бидете сигурни дека ништо не е во ред. На овој начин сака да ви каже дека ќе размисли како да ви се одмазди и да ве натера да платите за грешката.

6. „Е баш ти фала“ - Треба да правите разлика меѓу „Благодарам“ и „Е баш ти фала“. Благодарам е искрена благодарност, а другата е сарказам на кој никако не смеете да одговорите со „Нема на што“.

7. „Нема врска, остави“ - Знајте дека е вистински нервозна за тоа што не сте ја завршиле работата за која неколку пати ве замолила.

8. Мерење на времето – Кога се шминка, ако ви каже уште 5 минути тоа значи уште барем половина час. Ако сакате да гледате фудбалски натпревар 5 минути пред да вечерате, тоа навистина значи 5 минути.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg