Како да доживеете оргазам кога тој е горе?

Емили Морс е сексолог кој дели совети во магазинот Гламур, а неодамна примила писмо од девојка која никако не може да доживее оргазам кога нејзиниот партнер е од горе.

kako-da-doziveete-orgazam-koga-toj-e-gore-01.jpg

„Сексот со мојот дечко е одличен, внимателен е и успевам често да доживеам оргазам. Проблемот е што можам да завршам кога сум над него. Сакам да ги направам работите поинтересни и истовремено да имам редовни оргазми. Која поза би требало да ја пробаме?“ гласи прашањето на читателката.

На ова Емили има одличен одговор кој е совршен за сите девојки кои се пронајдоа во ситуацијата.

„Верувала или не, кога жената е горе не е единствениот начин на кој можеш да доживееш оргазам. Дозволи ми да ти препорачам нова поза наречена C.A.T. Таа е совршена затоа што ќе ти донесе експлозивен оргазам.

Оваа поза почнува во старата и добро позната мисионерска. Кога партнерот ќе биде во тебе, нека застане неколку сантиметри повисоко од вообичаено. Неговото тело треба да биде во рамна линија со твоето, а неговите нозе под агол од 45 степени. можеш да ги ставиш твоите нозе околу неговата половина и да ги вкрстиш кај глуждовите. Кога работите ќе треба да се помрднат, најдобро е да се движите нагоре-надолу. Можеш да ги ротираш и твоите колкови додека не ја пронајдеш вистинската точка.

Обидете се да бидете бавни, така оргазмот ќе ти биде загарантиран.“

Би можело да ве интересира:

„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Секс поза „клацкалка“ – наменета за девојките што сакаат да доминираат за време на сексот (18+) Со оглед на тоа што партнерот треба да стои мирен, оваа секс поза е одлична за о...
Која секс поза со сигурност ќе ви го подобри сексуалниот живот, според сексолог? „Оние што ја пробале оваа поза имале многу поголеми шанси да доживеат оргазам и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg