7 ситуации кои ви ја тестираат врската

Без оглед на тоа дали штотуку сте почнале да се гледате или сте во сериозна врска, па и брак, постојат ситуации кои ќе ја стават вашата врска „на проба“.

par-na-plazi-1408547741-44764.jpg

1. Запознавање со пријателите

Пред да се запознаете со родителите, веројатно ќе ја поминете фазата на претставување пред друштвото. Во оваа фаза најпаметно е да останете свои и да не го менувате начинот на зборување или интересите. Сепак, имајте на ум дека партнерот ве претставува онакви какви што сте и не сака да се изненади од вас пред пријателите.


2. Одмор

Неважно дали одите со уште неколку пријатели или сами, тоа истовремено е прекрасен, но стресен период. Важно е уште пред да тргнете да откриете дали тој/таа е активен/на или по цел ден сака да се излежува. Утврдете си ги навиките и организирајте се подобро за да не се соочите со проблеми и кавги.


3. Запознавање на внуците

Пред да ги запознаете внучињата на вашиот партнер/вашата партнерка, бидете свесни дали сте подготвени за такво врзување. Децата лесно се заљубуваат, па затоа овој чекор сфатете го како подигнување на врската на едно поинакво ниво.


4. Пат со автомобил

Дали ќе ве изнервира ако се изгубите, колку ќе му/и треба да праша за правец, дали ќе ви се допадне одбраната плејлиста... Банални ситници кои се пресудни за добар однос. Бидете подготвени дека секое патување со автомобил и делењето на трошоци е приказна за себе.


5. Веридба

Кога веќе се запознавте со сите пријатели и роднини, одеднаш ги гледате сите на веридбата. Ова е добра шанса да ги зацврстите односите со нив, но и идеална шанса нешто да тргне наопаку.


6. Заеднички живот

Сигурни сте дека се ќе биде совршено затоа што многупати сте преспивале еден кај друг? Не, ни одблизу не знаете што да очекувате. Ова е на сосема друго ниво. Наједноставно кажано, го делите и воздухот.


7. Заеднички буџет

Поделбата и трошењето на парите многу лесно може да предизвика кавга. Меѓутоа, компромисите решаваат се. За да го положите овој „тест“ најважно е да се водите по правилото „што ми треба“, а не „што сакам“.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg