Машки трикови кои го топат женското срце

Ако мажот е добар со жената, таа умее двојно да врати. Зошто тогаш да не се обидете да го растопите нејзиното срце со нежни зборови и постапки?

mashki-trikovi-koi-go-topat-zenskoto-srce-01.jpg

Еве неколку корисни совети кои можете да ги користите како тајно оружје:


1. „Колку си слатка наутро“

Не постои поголем комплимент од тоа да и кажете дека таа изгледа најубаво во било кој временски период и без разлика на тоа дали е средена или не. Тоа ќе и ја засили самодовербата.


2. Земете го нејзиното мислење во предвид

Ако ја прашувате за совет или мислење и од неа го добивате нејзиниот став, тогаш земете го во предвид. Тоа ќе и покаже дека ја вреднувате нејзината интелигенција, размислувања и ставови.

mashki-trikovi-koi-go-topat-zenskoto-srce-1.jpg

3. Одете на шопинг со неа

Ако ви е потребна нова облека, слободно земете ја под рака вашата избраничка и побарајте нејзино мислење околу тоа што ви стои добро.


4. Понудете и масажа

Ретко кој не сака добра масажа по напорен ден, па ако забележите дека вашата партнерка е преморена зошто да не и ставите до знаење дека сте и на располагање? Понудете и масажа за релаксирање.


5. Покажете и ги вашите емоции

Не се обидувајте да глумите фраер кој ништо не го допира, туку слободно дајте и до знаење колку таа ви значи.


6. Раскажете и ги детските сеќавања

Нема девојка која не сака да знае што се случувало во животот на нејзиниот сопатник, токму затоа раскажете и какви сте биле уште од мали.


7. Допирајте ја

Зачестеното допирање е прв значаен знак дека некој ви се допаѓа, а истото не смее да се заборави и кога сте во врска.

mashki-trikovi-koi-go-topat-zenskoto-srce-2.jpg

8. Слушајте ги нејзините желби

Без разлика на тоа дали станува збор за некои мали ситници во вашиот изглед или за некаква помош, бидете тука за неа и исполнете и ги желбите. Ако можеби смета дека подобро ви стои брада, пуштете ја малку.


9. Кажете и дека ви е најдобра пријателка

Нема некоја припадничка на понежниот пол на која не и се допаѓа оваа изјава. Тие сакаат да знаат дека не ги гледате само низ призмата на сексуалноста.


10. Одведете ја некаде

Никој не негира дека уживањето во комфорот на домашниот простор не е убава работа, но ако тоа се служува постојано, вашата партнерка ќе се почувствува запоставено.


11. Оставете и слатка порака

Мало парче хартија залепено на фрижидерот: „Ќе мислам на тебе цел ден“ е работа која ниту една жена нема да ја остави рамнодушна.


12. Бакнете ја во чело

Овој гест е ултимативен показател на грижливост, бидејќи покажува дека навистина ви значи.

mashki-trikovi-koi-go-topat-zenskoto-srce-03.jpg

13. Дајте и до знаење дека е секси

Покажете и што нејзиното присуство ви прави вам и дека нема ништо помило за вас од уживањето во нејзиното тело.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Совети за еротска масажа за незаборавно искуство со партнерот Еротската масажа има за цел ослободување од напнатост и стрес, а овие совети ќе ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg