Каков маж треба да бараат жените по 30-та?

Сценариото на љубовни состаноци се менува на самиот праг на 30-та. Поискусни сте, позрели и сте направиле доволно грешки за да ја научите лекцијата.

kakov-maz-treba-da-baraat-zenite-po-30-ta-01.jpg

Тогаш почнувате да барате нешто повеќе од она што го очекувавте во дваесеттите.

Поточно, овие 5 работи се клучни ако го барате идеалниот маж, а веќе имате 30 години:

1. Ситуирани мажи

Сега веќе барајте мажи чиј живот е среден и се стабилни, како ментално, така и финансиски. Тие ќе можат во целост да ви се посветат, затоа што веќе кариерата си ја издигнале да одредено ниво. Секако, не зборуваме за претерано богати мажи кои живеат во облаци и сакаат да ве купат, туку за мажи кои знаат како да го искористат она што го заработиле.


2. Забавете

Порано веројатно сте уживале кога работите се одвивале брзо, па исто толку брзо сте ја прекинувале врската без момент на каење. Меѓутоа, сега сте повозрасни и нема потреба од брзање. Дајте си време за реална проценка.


3. Време за вас

Кога сте биле помлади веројатно целото време сте му го посветувале на партнерот. Но, во 30-те сте зрела личност која треба да си даде простор и време да го прави она што го сака, сама, со партнерот, но и со пријателите.


4. Не одолговлекувајте

Доволно сте искусни и мудри за да сфатите дали нешто функционира. Бидете практични.


5. Најдете некој со кој можете да се поистоветувате

Во 30-те доволно добро се познавате. Заради тоа треба да пронајдете некој кој е на иста бранова должина како вашата. Тогаш нема да мора да си го менувате животот од корен за некој да ве прифати.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
10 знаци дека треба да престанете да се надевате дека партнерот ќе стапи во брак со вас Вели дека не сте во сериозна врска и никогаш не ви дава конкретен одговор кога г...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg