Омажете се за ТОЈ што знае силно да ве сака

Заслужувате да бидете сакани и да сакате онака какви што сте, но не само тоа.

vencajte-se-so-maz-koj-znae-kako-da-ve-saka-01.jpg

Заслужувате да бидете сакани од маж кој знае како силно да ве сака.

Маж кој ве гледа како да сте некаква магија. Некаква блескава магија која можете да ја почувствувате на оние блескави места каде фосфоресцентноста глетката ја прави неверојатна.

Маж кој преферира да помине една ноќ со вас разговарајќи до доцните ноќни часови. За кој длабочината на разговорите претставува главна цел на вечерта.

Маж кој сака да ги знае вашите стравови, грижи, несигурности и сомнежи и ве сака покрај сите маани и недостатоци.

Маж кој лежи на вашите гради и се топи во вас повеќе одошто некогаш сте можеле да замислите.

Маж кој ве цени и обожува.

vencajte-se-so-maz-koj-znae-kako-da-ve-saka-1.jpg

Во деновите кога неговата љубов ви се чини како да е невозможна и нереална, тој е тука да ве потсети дека вие го заслужувате токму тоа. Дека ја заслужувате секоја последна капка од неговата љубов.

Затоа што тој не може да се бори против тоа. Затоа што тоа му оди едноставно и лесно. Затоа што станува збор за вас.

Омажете се за оној кој и покрај сите прашања кои започнуваат со „што ако“ продолжува и сака да биде со вас. Што ако сум нерасположена? Што ако се здебелам 10 килограми? Што ако заборавам која сум?

Тој што ќе биде покрај вас без разлика на тоа со какви тешкотии се соочувате.

Оној кој ве слуша и знае што точно ви треба во тој момент. Тогаш кога притисокот и стресот во вас се насобрани како цела планина.

Оној кој ќе биде тука да ве потсети дека ви е дозволено да бидете нерасположени.

Оној кој е тука да ве врати во реалноста кога вие не согледувате дека сте надвор од неа.

Оној кој ќе ви ги масира нозете, кој ќе танцува со вас или ќе успее да ве насмее тогаш кога сте нерасположени.

Оној кој разбира дека љубовта се покажува преку малите дела.

vencajte-se-so-maz-koj-znae-kako-da-ve-saka-2.jpg

Маж кој ги мие садовите не затоа што сте му наредиле, туку затоа што искрено сака да ви помогне околу домашните обврски. Маж кој го полни автомобилот со гориво, бидејќи знае дека ќе заборавите. Кој ќе ве изненади со подарок, не затоа што е 8-ми март, туку затоа што сака да ја види вашата насмевка.

Маж кој ќе ви биде најголема поддршка тогаш кога се борите за успех во животот, кога сакате да изградите кариера.

Маж кој не е љубоморен кога другите ве гледаат, затоа што знае дека вие го заслужувате тоа со вашите квалитети и убавина.

Овој маж ќе ви отвори нови врати во животот, ќе ви ги отвори очите, а истото ќе го направите и вие за него.

Да, омажете се за ТОЈ  кој знае силно да сака и ќе ве научи како да се сакате себеси.

Би можело да ве интересира:

Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg