Кој го започна феноменот - „секс за една ноќ“?

„Врските“ за една ноќ се случуваат секогаш и секаде: во тоалетите на ноќните клубови, во автомобилите, изнајмените хотелски соби, празни станови, викенд – куќите, парковите...

za-ili-protiv-seks-so-nepoznati-za-edna-nok-01.jpg

Се прашувам кој го започна феноменот? Мажите или жените!? Ако тргнеме од претпоставката дека мажите мислат на секс секои 52 секунди тогаш би го впериле прстот кон нив.

Но, стана тренд во последно време девојките да пристапуваат на секс со странци и да го одобруваат. Значи, во никој случај не можеме да се обвинуваме меѓусебно, никој не почна прв, а се добива меѓусебно уживање.

Тргнувајќи од фактот дека сексот за жената е психофизичка активност ни се наметнува прашањето како навистина се чувствува жената после врската за една ноќ? Што точно таа споделува со мажот таа вечер? Треба ли воопшто да се разговара?

Дали освен телото, жената за момент посакува да даде и дел од својата душа, да сподели емоција – две!? Веројатно сака. Но, има и жени кои пристапуваат кон ова на машки начин: било што било, поминало и ние сега пак сме странци.

За некои, врските за една ноќ се страшно добра работа. На тој начин откриваат што бараат кај идниот постојан партнер.

Тогаш би кренале палец за ваквата врска меѓутоа само за оние кои што се сингл.

Но, што со оние кои се во сериозна и долга врска или во брак? Зошто тие пристапуваат кон ваквиот начин за задоволување на страстите? Ако е еднаш, тогаш е авантура, ама ако е повеќе од еднаш, веќе зборуваме за навика.

Колку и да се добра работа, останува празнина после тоа. За нештата што се премолчиле, за емоциите кои не сме биле во можност да ги споделиме. Нека никој не се обидува да ме демантира дека во секс со странец се споделуваат чувства. Тоа е нагон, чиста страст, момент на возбуда, набилдан адреналин и ништо повеќе.

Не можете да создадете чувство за некој што не го познавате. За да развиете чувство кон некого ви треба време, разговор и согледување на ситуацијата во вистинското светло од сите можни агли. И не дозволувајте си ја фаталната грешка следното утро да го барате и да бидете патетични со емоционални изјави или да раскажете на пријателките и да им направите филм дека можеби тој е човекот на вашиот живот.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg