Потребни ви се само 3 работи за среќен брак

Денес многу мал број на парови се одлучуваат за брак, но истражувањата покажуваат дека венчањето и останувањето во среќен брак се едни од најдобрите работи кои можете да ги направите за себеси.

psiholozite-velat-potrebni-vi-se-samo-tri-raboti-za-srekjen-brak-01.jpg

Но како можете да знаете дека сте го одбрале вистинскиот сопатник?

„Хемијата не е пресудна, но ако ја нема мала е веројатноста дека ќе успее бракот“ – вели Питер Пирсон, психотерапевт. На тој начин тешко е да се изгради страсна врска.

Сепак, не станува збор за сексуалната хемија, туку за еден поинаков тип на хемија кој може да се дефинира како социјална. Станува збор за тоа како се чувствуваат партнерите еден за друг. Овој тип на хемија е многу повеќе од обичната сексуална привлечност.

Социјалната хемија може да се објасни преку делото на канадскиот психолог Ерик Берн. Во 50-тите години тој ја развила т.н. „трансакциона анализа“. Оваа теорија е слична со Фројдовата теорија според тоа дека секој човек има три его состојби во себеси:

Родителот: Што ве учеле родителите

Детето: Вашите емоции

Возрасниот: Што сте научиле од тоа што ве учеле родителите.

Токму од овие состојби произлегуваат трите важни прашања кои треба да си ги поставите за да знаете дали се совпаѓате со вашиот партнер:

1. Дали имате слични вредности и ставови за светот?

2. Дали знаете како да се забавувате заедно? Знаете да бидете спонтани? Дали партнерот ве привлекува? Дали сакате да патувате заедно?

3. Дали сметате дека партнерот е интелигентен? Дали заедно ги решавате проблемите?

Кога успевате да бидете согласни на сите три аспекти, тогаш може да се каже дека целосно си одговарате, но добро познато е дека луѓето ретко кога како се совпаѓаат во поглед на сите животни аспекти.

Токму затоа, важно е да го прифатите овој факт, односно дека имате разлилчни идеи, чувства и интереси.

Важно е добро да ги познавате заедничките страни, но и личните – посебните. Тоа значи дека важно е да функционирате заедно, но и одвоено.

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Шефица“ и уште 3 идеални пози за секс набрзина, кога немате премногу време (18+) Кои секс пози се одлични за набрзина, кога немате премногу време, а морате да се...
Што е „предвремена интимност“ и колку време треба да чекате за првиот секс, според експерт за врски Знаете ли што е „предвремена интимност“? Таа не се однесува само на сексот, туку...
Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Дали е во ред да мастурбирам секој ден?“ Кои се петте најважни правила за добар секс и дали е во ред да се мастурбира сек...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg