Подготвена си за промена или да го купам мојот билет во еден правец?

„Пак ги остави чорапите до корпата, а не во корпата, пак ти се истури кафе на чаршафот, пак ли ја изгужва кошулата, сакаш ли да ме полудиш, ако планираш да знаеш дека ти успева !?“ - повторно будење со твоето викање.

dali-si-spremna-za-promena-ili-da-go-kupam-mojot-bilet-vo-eden-pravec-01

Ајде повиши го тонот на твојот прекрасен глас, развикај се по мене, распали по секоја моја постапка, расипи ми го денот, годината, животот. Истури ја својата нервоза на оваа боксерско вреќа, на ова рамо за плачење кое никогаш ништо не ти згрешило, а сепак е главен виновник во твоите приказни.

Кој те изнервира денес, шефот, мајка ти и татко ти, можеби брат ти, другарките, кој е причина за твојот електрицитет утрово? Бидејќи јас само спиев до твоето нежно лице, опиен од твојата блискост.

Не знам дали разбираш дека мене ми е слатко тоа кога се лутиш и врескаш наоколу, бидејќи сум личност која не си ги реди работите на срце, но дали некогаш си се запрашала дали јас го заслужувам тоа? Дали е фер да бидам центарот кон кој се упатуваат твоите стрели?

До кога ќе кажуваш пцовки на моја адреса само поради нервозата предизвикана од светот?

Сакаш да ме изгубиш свесно? Сакаш да ме оттурнеш, мислејќи дека тоа е правилното?

Дали ние го заслужуваме тоа?

Зарем така ќе ги решаваш проблемите во животот, повредувајќи ги сите кои те сакаат, а потоа ќе дојдеш, ќе затропаш на вратата со едно извини. Што ќе ми значи тоа мене кога веќе си ми ги закачила сите погрдни епитети и си ми ги препишала сите одвратни случки во твојот живот?

Што поправа твоето извини кога веќе си ме отерала по ѓаволите?

Зарем слатките зборови ќе ги замениме со горчината предизвикана од лудите постапки на луѓето околу нас? Зарем ќе го скршат нашиот бедем и ќе дозволиме да скапеме однатре?

Вреди ли да се изгубиме себеси поради проблемите на твојот шеф, поради расправиите на твоите дома, поради тоа што на твоите другарки им пречи мојот спортски стил?

Од кога проблемите на другите се твои проблеми, од кога тие проблеми ги препишуваш на мене?

Зошто молчиш сега, каде е таа нервоза, тоа животинско дерење кон човекот кој би направил сè за тебе, кога ќе бидеш соочена со вистината?

Зарем не сум ти кажал стопати дека можам да бидам твоето рамо за плачење, дека за сè постои начин и за се постои решение, а ти упорно ме обвинуваш мене за сите туѓи проблеми и наместо заедно да ги решаваме, јас сум на обвинителна клупа, а ти си неправеден егзекутор.

Ајде кажи нешто, со тие усни полни солзи, зарем не сфаќаш какви чувства предизвикуваш во мене кога се однесуваш нерационално, зарем не си свесна за моите чувства кога ќе ме поставиш на гилотина?

Ние не можеме да го поправиме светот, но ти кажав дека ќе ја земам твојата рака и ќе направиме дом, каде ќе имаме хармонија која никогаш си ја немала. Но, јас не можам да градам сам хармонија за двајца, подготвена си да правиме рефрен во кој ќе држиш терци или да го купам мојот билет во еден правец?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg