10 знаци кои покажуваат дека се чувствувате сигурно во вашата врска

На сите ни е јасно дека нема ништо посимпатично од првите неколку месеци во врската. Пеперутки ни „леткаат во стомачето“, чувствуваме возбуда, се бакнуваме каде ќе стигнеме - едноставно, правиме сѐ за партнерот.

10-znaci-koi-pokazuvaat-deka-vie-se-chuvstvuvate-bezbednо-vo-vashata-vrska-001.jpg

Но, време е да признаеме дека  најдобро е чувството кога можеме да бидеме свои. Кога ќе ја достигнете таа фаза во вашата врска, каде што целосно можете да се опуштите покрај партнерот, тогаш вие сте го достигнале врвот.

Во продолжение прочитајте кои 10 знаци кажуваат дека вие чувствувате комфор и безгрижност во врската со вашиот партнер:

1. Мама го контактира „зетот“ наместо да ве побара вас.

2. Другарките почнуваат да го следат на Фејсбук, Инстаграм и секоја друга социјална мрежа каде што можат да начекаат слика од него.

3. Во петок навечер гледате филмови... и навистина ги гледате.

4. Се случува да заспиете еден покрај друг, наместо постојано да проверувате што има под облеката.

5. Не се срамите да се појавите пред него во облека „за по дома“ со неуредно прибрана коса.

6. Не се потресувате кога партнерот ви го чепка телефонот.

7. Многу често почнувате да ги користите зборовите „ние“ и „наше“.

8. Можете да изедете цел хамбургер со помфрит пред него и да не се грижите дали тој ќе се пошегува во врска со тоа.

9. Кога ќе се скарате и ќе го завршите разговорот, свесни сте дека до крајот на денот целата незгода ќе се заборави.

10. Знаете дека во било кое време и за било што можете да сметате на него и неговата помош.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg