4 работи што никогаш не треба да ги барате од вашиот партнер

Постојат работи кои апсолутно треба да ги очекуваме од нашиот партнер. Почит, искреност и верност. Тие работи се од витално значење за секоја врска.

4-raboti-koi-nikogas-ne-treba-da-gi-barate-od-vasiot-partner-01.jpg

Сепак, многу луѓе одат предалеку, па ја преминувааат границата на разумни барања. Не дозволувајте вашата врска да западне во ваква стапица.

Сетете се дека и вашиот партнер има свои лични потреби и личен идентитет, кој не е помалку важен од вашиот.

1. Не барајте од партнерот да се промени себеси

Немате право да одлучувате за идентитетот на некој друг, освен за својот. Луѓето може да се променат, но желбата треба да произлезе од нив самите. Прифатете го партнерот онаков каков што е. Доколку вашиот партнер нема интерес за уметност, не може да очекувате дека ќе ужива на балет.

2. Вашиот партнер не треба да чувствува притисок од врската

Сигурно постои некој пријател или роднина на вашиот партнер, кој едноставно не ви се допаѓа. Но не смеете да барате од партнерот да се откаже од пријателството, заради фактот дека вие имате лошо мислење за некого.

Сепак одлуката треба сами да си ја донесат. Немате право да ги бирате пријателите на вашиот партнер и пожелно е да ги почитувате нивните одлуки.

3. Не смеете да барате од партнерот да се откаже од своите страсти

Доколку не ги делиме истите интереси со партнерот, со тек на време стекнуваме чувство дека тие претставуваат губење на време. Ако побарате да се откаже од некоја своја пасија, исто како да сте побарале да откине дел од себе.

Дури и ако не ви се допаѓа некоја негова/нејзина активност, сепак од особена важност е да ја почитувате неговата/нејзината автономија.

4. Вашиот партнер не е одговорен за вашата финансиска независност

Секако дека трошоците за децата се на товар на двајцата партнери. Но вие не сте дете. Потребно е да ја споделите одговорноста кога станува збор за финансиските трошоци.

Поставувањето на товарот на финансиската стабилност само врз еден партнер не е фер. Понудете му на партнерот заедно да ги подмирувате финансиските трошоци и веднаш ќе се чувствувате подобро.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg