Кои комплименти прават жените да се чувствуваат прекрасно?

Зборовите не се секогаш безвредни. Еден комплимент може да стори многу за вашето срце.

zeni-otkrivaat-koj-e-komplimentot-shto-napravil-da-se-chuvstvuvaat-prekrasno-01

Фактот дека некој ве цени, ви се воодушевува или ве поддржува може многу да влијае врз вас.

Комплиментите кажани од срце долго се помнат, а неколку жени ги откриваат најзначајните за нив.

Кога последен пат некоја направил да се чувствувате прекрасно?

„Одев по улица кога млада жена ме застана и ми кажа: „Извинете, но морам да ви кажам дека сте преубава“. Јас бев стаписана и воодушевена.“

„Мојот сакан ми кажа дека ја осветлувам собата кога ќе влезам.“

„Еден маж ми кажа дека сум најубавата жена што ја познавал во животот и најпаметната личност што ја запознал.“

„Кога ќе ми кажат дека сум одлична мајка и правам добра работа со моите деца тоа ми значи неверојатно многу.“

„Мојот шеф ми кажа дека сум одличен слушател и дека може да ми верува, за разлика од другите.“

„Странец ми кажа дека имам прекрасни очи пред некој ден во аптеката.“

„Пријател што го почитувам кажа дека ми се воодушевува на храброста да изберам развод. Ми значеше многу што тој мисли така.“

„Една од мајките во одделението кое го водам ми кажа дека сум светла точка во училиштето и во животите на нивните деца.“

„Поранешното момче додека готвев вечера за него ми кажа: „Твоите раце изгледаат прекрасно на приборот за готвење“.“

„Една сосетка ми кажа дека ми се воодушевува на трпението и самоконтролата, која ја имам со моите деца.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Можам ли да имам секс додека имам ХПВ?“ (18+) Ако ви се појавиле симптоми на ХПВ или сте дознале дека го имате вирусот преку с...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg