9 клучни елементи за среќна врска

Без емпатија, внимание, љубезност и благодарност вашата врска нема да биде долговечна.

9-kluchni-elementi-za-srekjna-vrska-001.jpg

Опсесивното размислување и „преџвакување“ на истите мисли е штетно за вашето ментално здравје затоа седнете и отворено поразговарајте со партнерот за проблемите во вашата врска.

Но, пред да го сторите тоа прво прочитајте ги советите од психолозите, кои треба да ги следите ако сакате да имате здрава и среќна врска.

Дали ги практикувате овие работи:

Емпатија

Живеењето со години со партнерот ви дава чувство дека го познавате совршено. Но, токму ова понекогаш може да ве спречи во развивањето емпатија еден кон друг.

За да ја избегнете оваа грешка, во различни ситуации обидете се да се ставите во негова кожа. Затворете ги очите, отфрлајќи го вашиот поглед на конкретната ситуација или проблем, и замислете како тој се чувствува.

9-kluchni-elementi-za-srekjna-vrska-01.jpg

Емоционално разбирање

За време на жестока кавга ретко кој може да се смири и да му каже на саканиот „Го имаш секое право да го чувствуваш тоа што го чувствуваш, те разбирам...“ Но, овие зборови може да бидат чекор кон смирување на тензијата и разрешување на конфликтот.

Обидете се, чуда ќе направат за вашата врска. Тој ќе стане свесен дека го разбирате и негативните емоции полека ќе исчезнат.

9-kluchni-elementi-za-srekjna-vrska-02.jpg

Внимание и љубезност

Често ја потценуваме моќта на вниманието и љубезноста. Но, незадоволството од односот на едниот од другиот партнер, може да ескалира до сериозен конфликт.

Затоа во секојдневниот живот изненадувајте се со мали подароци и гестови на внимание. Со нив ќе ја намалите тензијата и ќе спречите непотребни кавги.

9-kluchni-elementi-za-srekjna-vrska-03.jpg

Партнерство

Некои парови во одреден миг започнуваат да го третираат својот партнер како цимер. Секој го живее својот живот, секој сам носи одлуки и полека се оддалечувате еден од друг.

Ова е комплетно погрешно. Животот мора да го градите заедно и да бидете партнери, а не цимери.

9-kluchni-elementi-za-srekjna-vrska-04.jpg

Претпоставки

Кога партнерот ќе направи или ќе ви каже нешто, не мора веднаш да го претпоставувате најлошото можно сценарио.

Во многу ситуации подобро е да не се обидувате да читате меѓу редови, туку да го прашате што мисли конкретно.

9-kluchni-elementi-za-srekjna-vrska-05.jpg

Благодарност

Кажувајте му зборови на благодарност на партнерот во секоја соодветна ситуација. Колку и да ви изгледа безначајно, тие ќе направат вистинска магија за вашата врска.

Ќе започнете да слушате многу повеќе „благодарам“ и сè почесто партнерот ќе ве изненадува со убави постапки.

9-kluchni-elementi-za-srekjna-vrska-06.jpg

Не земајте се еден со друг здраво за готово

За двајцата партнери да бидат задоволни од врската потребно е да се работи на неа, да се зборува, да се решаваат проблемите и да се прават компромиси.

Мора да го промените ставот дека штом денес партнерот е со вас, тој засекогаш ќе биде, без разлика колку лошо се однесувате со него.

9-kluchni-elementi-za-srekjna-vrska-07.jpg

Среќа

Многумина мислат дека партнерот ќе ги направи среќни. Ова е делумно точно, но вистинската основа на среќата лежи во самите вас.

Ако пред врската имавте неисполнет и несреќен живот, тогаш врската ќе ви биде само привремено решение на ситуацијата, а претходната состојба наскоро ќе се врати.

9-kluchni-elementi-za-srekjna-vrska-08.jpg

Озборување зад грб

Никогаш не зборувајте му на партнерот зад грб. Ако дознае за ова ќе биде навистина бесен. Дополнителен проблем е што вие и партнерот ќе го решите проблемот и ќе го надминете брзо, но луѓето на кои што сте им го кажале како вашите пријатели и родители ќе го помнат уште долго потоа.

Бидете мудри и за пукнатините во вашата врска разговарајте со вашиот партнер, а не со други луѓе.

9-kluchni-elementi-za-srekjna-vrska-09.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg