Совети како да се зближите со партнерот на едно поинтимно ниво

Интимноста е важен фактор за изградба на квалитетна и долготрајна врска. Колку сте навистина интимни со партнерот, колкава е вашата доверба, колку време трошите за да се посветите едни на други? 

Kako da ja izgradime intimnosta vo vrskata 01

Ова се само некои од прашањата кои можат да одредат колку сте интимни.

Ако сакате да изградите или да го зајакнете интимниот однос со вашиот партнер, обрнете внимание на советите подолу.

Слушајте го вашиот партнер

Кога разговарате со партнерот, дајте му го целото внимание. На овој начин ќе го задржите вашиот фокус на разговорот. Колку што е важно да учествувате во разговорот, толку е важно и да знаете да слушате.

Не форсирајте

Важно е на партнерот да му кажете дека сакате да работите на вашата заедничка интимност, но не треба да се налутите доколку вашиот партнер не е воодушевен со идејата, како што сте вие.

Пробајте со индиректен пристап, на пример, пронајдете текст во кој се зборува за важноста на интимните односи меѓу партнерите, и оставете го на местото каде што вашиот партнер ќе може да го пронајде и прочита.

Изградете интимност со себе

За да ја подобрите интимноста со вашиот партнер, треба да бидете задоволни со себе. Ова ќе го постигнете доколку најдете време да уживате во нешто што сакате.

Kako da ja izgradime intimnosta vo vrskata 02

Романтично рандеву

Кога последен пат бевте на романтичен состанок? Тоа не мора да биде ништо посебно, обична вечера, филм или прошетка низ шума, парк...

Разгледајте ги и другите совети и идеи. Бидете креативни.

Разубавете го ентериерот

Секојдневните проблеми можат да влијаат на расположението. За да се чувствувате добро во својот дом, обрнете внимание на внатрешниот декор.

Физички допир

Не треба да се претерува со физичките нежности кога партнерот не е расположен за тоа, но некои ритуали кои ги повторувате (како бакнеж пред работа, прегратка пред спиење и сл.) не се напорни, а секогаш се корисни.

Kako da ja izgradime intimnosta vo vrskata 03

Изненадете го вашиот партнер

За одржувањето на интимноста меѓу долгогодишни партнери, најважни се малите нешта на кои обично забораваме- комплименти, мали подароци без посебна причина и сл. Изненадете ги кога најмалку очекуваат со некоја убава геста.

Бидете трпеливи

Како што веќе спомнавме, работите не треба да се форсираат, бидејќи се постигнува спротивен ефект. Бидете отворени, искрени и трпеливи.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg