Раскинување па смирување

raskinuvanje-pa-smiruvanje-povekjeВо љубовта работите не секогаш одат како подмачкани. Се случуваат раскинувања и разводи, а се случува и повторно да се биде заедно. Во меѓувреме, што додека...

 

...не сте заедно? И тогаш сешто може да се случи, освен ако не се случи некое кривично дело, не треба да имате грижа на совест поради она што во меѓувреме се случило.

На што мислиме?

raskinuvanje-pa-smiruvanje

На пример: сте биле заедно некое време, па сте раскинале. Тој бил оној кој ја прекинал врската и ви рекол дека е готово и дека е најдобро да си најдете друг.

По раскинувањето вие сте имала неколку врски, ништо сериозно, а по некое време се решавате да се смирите со поранешниот и повторно сте заедно.

Постои можност да се појави мала грижа на совест за она што сте го имале во меѓупериодот со други партнери. Но, нема потреба да се замарате со тоа.

Оној момент кога тој раскинал со вас, вие повеќе не сте биле дел од неговиот живот. Тоа што сте биле со други мажи не значи дека сте го измамиле. Нема зошто да чувствувате вина.

Иако можно е да сте биле со други само за да му докажете дека можете без него, што е погрешна причина за да се биде со некого и непочитување за третата личност. Дури и да е така нема потреба од грижа на совест кон бившиот дечко.

Што било, било. Тој ве оставил, а вие сте побарале утеха кај други. Луѓето тоа го прават и не остава никакви трагични последици. Треба да се гледа напред и да се гради врската во која сме, а не да се грижиме за нешто што не било сериозно.

Дали за тоа треба да му кажете? Не е неопходно- тогаш не сте биле заедно, но ако ве праша, треба да му ја кажете вистината.

Секако ако двајцата имате желба да бидете повторно заедно, ќе успеете во тоа само ако сте искрени меѓу себе.

Би можело да ве интересира:

„Азиска каубојка“ – Секс поза која ветува брз оргазам кај двајцата партнери (18+) Оваа секс поза е слична на класичната каубојка, но различното поставување на ноз...
Која секс поза со сигурност ќе ви го подобри сексуалниот живот, според сексолог? „Оние што ја пробале оваа поза имале многу поголеми шанси да доживеат оргазам и ...
Долга предигра и уште 5 совети за посилен и подолг оргазам (18+) Доживувањето задоволувачки оргазам е важен аспект за сексуалната благосостојба.....
Виe прашувате, македонски сексолог одговара: „Партнерот доживува оргазам за 2 минути, како да му пом... „Партнерот доживува оргазам многу брзо (за 2 минути буквално), како да му помогн...
Секс поза „oтворач“ - кога жената сака да е мрзлива, мажот доминантен и задоволството да е врвно (18... Aко сакате да бидете добро размрдани, без да станете од креветот, предложете му ...
Како да доживеам оргазам и одговор на уште 8 од најгугланите секс прашања Што да правам ако имам сексуално пренослива болест, како да доживеам оргазам, ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg