Заповеди на спалната соба (2)

zapovedi-na-spalnata-soba-2-povekjeНекои правила околу уредувањето и однесувањето во спалната соба никогаш не се менуваат. Играјте си со стилот крај, но кога ќе се смират страстите...

 

...немојте да го вклучите телевизорот и не вртете се на другата страна.

zapovedi-na-spalnata-soba-2

Поентата е убавите работи да се направат уште поубави без разлика што планирате понатаму, а многу е веројатно дека планирате сешто.

Миризливите свеќи или етеричните уља ќе намамат насмевка на нејзиното лице, па дури и ако сте одбрале лимони, а таа сака да речеме лаванда, но вие сте се потрудиле – тоа е важно.

Можеби не е ваш обичај, но во случај да е – на време исфрлете ги од спалната соба фотографиите без разлика колку ви се драги. Не станува збор само за одвлекување на вниманието.

Не се знае како таа ќе реагира на сликите од вашето семејство, школските фотографии или домашните миленичиња. Не трба да спомнуваме за фотографиите од бившите девојки, нели.

Секако, проверете дали спалната собе сте ја исчистиле од сентиментални или секси трагови од нејзините претходнички. Ова неспорно звучи многу мачо, но промискуитетот и неврзувањето се компонента на сингл начинот на живеење.

Нема да биде пријатно доколку таа ја стави раката под перница и пронајде црни гаќички кои вашата „бивша“ ги оставила како знак на сеќавање.

Ова важи и за сите останати работи кои евентуално ги пикате под кревет. Дури и секси „литературата“ е поприфатлива од заборавени чорапи, од пред два дена.

На крајот, обрнете внимание на осветлувањето. Дискретното осветлување не е пресудно само за атмосферата, туку е единственото нешто кое не може да биде промашување кога станува збор за нејзиниот вкус.

Тоа е златна средина помеѓу темницата и апсолутната светлина. Неоспорно е дека е многу интимно – баш како и одењето во спалната соба.

Би можело да ве интересира:

Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
5 најдобри секс пози за деновите кога надвор е пеколно топло Кои се најдобрите секс пози за деновите кога надвор е премногу топло? Како да ус...
Како да доживеам оргазам и одговор на уште 8 од најгугланите секс прашања Што да правам ако имам сексуално пренослива болест, како да доживеам оргазам, ка...
Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Дали е во ред да мастурбирам секој ден?“ Кои се петте најважни правила за добар секс и дали е во ред да се мастурбира сек...
Што мразат жените во кревет и уште 6 прашања за сексот што мажите се плашат да ги постават (18+) Дали жените уживаат во орален секс, зошто тешко доживуваат оргазам и дали чувств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg