Митови за холивудскиот секс

mitovi-za-holivudskiot-seks-povekjeМногумина добиваат прва слика за сексот гледајќи филмови. Подоцна ќе дознаат дека тоа е нереална слика за сексот, па луѓето очекуваат нешто што баш...

 

...и не е како што изгледа и се прашуваат каде ли погрешиле?

Ова се некои од тие митови:

mitovi-za-holivudskiot-seks

1. Жената може да доживее оргазам во рок од три секунди. Сте го виделе тоа: тие двајца водат љубов само неколку секунди, само што влетале негде и тоа го прават набрзина и таа во рок од неколку секунди доживува оргазам и тоа само од пенетративен секс.

Секоја жена ќе ви каже дека тоа не оди баш така. Потребна е предигра, сексот сепак треба да трае подолго и на повеќето жени им е потребна стимулација на клиторисот. Да - тие уживаат и во пенетративниот секс, но само тоа нема да биде доволно за да доживее оргазам.

2. Секоја жена потајно сака да изведе стриптиз за својот сакан – и феноменално и успева веднаш, без никакви подготовки. Како да се очекува совршено и без подготовка да изведете некој танц со комлицирана кореографија.

Стриптиз на шипка? Линдзи Лохан своевремено се пожалила дека по три часа учење како да го изведе танцот на шипка, целата со модрици, изгледала како една голема подвижна модрица.

Секако, не сте обврзани да изведете стриптиз за никого, а ако некои баш и сакаат еве неколку практични совети:

  • Немојте да се обидувате елегантно да соблечете фармерки или било кои пантолони, тоа е неизводливо, затоа определете се за фустан или сукња, добро извежбајте ја одбраната песна пред да ја изведете точката.
  • Носете облека во неколку слоеви и со повеќе копчиња за да не заврши стриптизот за неколку секунди.
  • Носете високи штикли, тие се секогаш секси (освен ако не паднете со нив).
  • Нишањето со колковите додека бавно ги откопчувате копчињата е движење кое е неопходно да се знае, а сите останати можете да ги прескокнете.     

3. Сексот на невообичаени места е неверојатно возбудлив. На дожд, реално би ви било студено, на скали или покрај пруга – неудобно, во природа би ви пречеле инсектите, наслонети на дрво би ве жуљало дрвото и би ве болело, а сексот во вода најверојатно би болел и би ја зголемил веројатноста за инфекција на мочните патишта.

Ако сакате да пробате секс на невообичаени места, пред да стигнете на одредената дестинација - возбудете се, така што сексот ќе трае што пократко, а ако има шанси да ве „фатат на дело“, носете кратко здолниште за да можете бргу да се покриете.                                                                                      

Би можело да ве интересира:

„Алергична сум на семена течност и кондоми – Што ми се случува по секој секс?“ Алергијата на семена течност е мошне ретка реакција на протеините што се застапе...
„Инфлуенсерка“ – Секс поза наменета за жените што сакаат да доминираат и да го излудат партнерот (18... За оваа поза паровите ретко слушаат, па затоа и многумина сигурно не ја пробале....
Секс поза „приклучок“ – омилена на мажите што не се премногу надарени (18+) Со мала модификација можете да ја зачините мисионерската секс поза и на партнерк...
Три секс пози со лисици за поголема возбуда на партнерите (18+) Дури и секојдневните секс пози можат да бидат возбудливи, ако со партнерот одлуч...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жен... „Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg