Каде грешат мажите во сексот?

kade-gresat-mazite-vo-seksot-povekjeПовеќето мажи се уверени дека се супер љубовници. Можеби и не знаат дека грешат, но време е да размислат за тие проблеми. Ние ви ги посочуваме...



...најчестите грешки на кои жените се пожалиле. Мажи, научете и престанете да грешите!

kade-gresat-mazite-vo-seksot

Напад на градите. Женските гради се многу осетливо подрачје, но некои мажи тоа го забораваат. Не ретко се груби со нив и ги допираат поцврсто од што е потребно. Тоа може да биде болно. Важно е да се напомене дека жените не сакаат кога предолго се задржувате на градите бидејќи тоа го доживуваат како да сте заборавиле на неа и сте се одлучиле да се дружите само со нив.

Соблекување со стил. Да, сте се возбудиле, но тоа не значи дека треба да се однесувате како неандерталец. Жените не сакаат кога ќе ги зграпчите и ќе им ја соблечете само сукњата или пантоланите за што побргу да дојдете до целта. За жените тоа не е секси и се чувствуваат непријатно. Тоа значи и дека нема да бидат доволно опуштени, а тогаш  добриот секс паѓа во вода.

Туркање на главата. Таа знае дека вие сакате орален секс и до тоа ќе дојде, но не со присилно туркање на главата надолу. Таквото однесување ја понижува жената и таа не се чувствува убаво бидејќи има чувство дека ја присилувате. Пронајдете некој дискретен начин со кој ќе и дадете до знаење дека сакате орално да ве задоволи.

Опседнатост со вагината. Како што некои мажи предолго се задржуваат на градите, некои ќе се изгубат во нејзиното меѓуножје и ќе заборават на времето. Жените сакаат орално да ги задоволувате, но сè си има граница. Со други зборови, ако опседнатоста со нејзината вагина трае предолго, ќе и стане здодевно.

Неизбричена брада. Некој ви кажал дека брада од два дена е секси? Можеби и ви кажал, но само на фотографии и за мажи што нема да се бакнуваат. Факт е дека брадата од два дена е исклучително груба и иритира, па затоа немојте да го глумите Бред Пит. Чувството е исклучително непријатно доколку орално ја задоволувате. Затоа пред дружење со неа, избричете се и поштедете ја партнерката од непријатност и болка.

Брзина. Веројатно во филмовите за возрасни сте виделе како некои надарени мажи се сексаат бргу како зајци и тоа ви било симпатично. Верувајте, нејзе тоа ни малку не и е симпатично. На жените воопшто не им е забавно ако се однесувате како брзи Гонзалес и целата работа ја завршите за три минути. Бидете уметник, ослушнувајте го нејзиното тело и бидете малку нежни, малку груби, малку спори, малку брзи...и така со ред.

Би можело да ве интересира:

8 грешки со кои си ја уништувате врската (и можат да доведат до неверство) Ако само си ја префрлате вината еден со друг, ако сте емоционално затворени и ак...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
„Затвореничка“ – омилената секс поза на жените што сакаат партнерот да доминира (18+) Станува збор за секс поза која може да се изведе со стоење или клекнати на колен...
Секс поза „вагон“ – за оние кои сакаат да фантазираат за време на интимниот чин (18+) Доколку сте од оние кои сакаат да фантазираат за време на интимните мигови, оваа...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg