Предобро за да биде вистинито

predobro-za-da-bide-vistinito-povekjeСте запознале нов дечко/девојка. Си се допаѓате еден на друг... и врската почнала. Како што одминува врската, не можете да верувате колку среќа...


...сте имале - можно е по три месеци веќе да сте верени. Таа личност е вистинско совршенство, а вие сте најголемиот среќник/среќница на светот што сте ја пронашле таа личност и што таа/тој баш вас ве сака!

predobro-za-da-bide-vistinito

Таа личност е секогаш насмеана и љубезна, секогаш ја кажува вистинската работа во вистинското време.

Никогаш не се конфронтира со вас. Ништо не крие - кога ќе ја прашате, веднаш ќе ви акже дека детството му/и било прекрасно, дека неговите/нејзините родители имаат совршен брак, редовно ги посетуваат и многу ги сакаат.

Сакаат домашни миленичиња. Неверојатно колку се полни со љубов. Толку неверојатно да се запрашате дали сте со човечко суштество, или со ангел. Помислете, таа личност е премногу совршена за да биде реална.

Кога се во прашање ваквите личности, за жал, најверојатно сте во право. Тие се премногу совршени за да бидат реални – што значи дека нешто кријат од вас. Најверојатно кријат многу и најверојатно ве излажале за многу работи.

За почеток, никој не е во состојба да биде расположен цело време. Може да му биде во опис на работното место да биде љубезен и насмеан, па цел ден ќе фолира насмевка иако некого би „задавил“, но да се разбереме, никој не е расположен по цел ден.

Луѓето од крв и месо повремено го менуваат расположението, со некого се сложуваат, со некого не, и не ги сакаат баш сите домашни миленичиња....

Што значи тоа за вас? Значи дека имате работа со личност која што има многу проблеми, кои најверојатно и самата не си ги признава. Среќното детство и прекрасните родители најверојатно се измислени. А врска со таква личност, која не е во состојба да се соочи со вистината, крајно е непредвидливаи би можела да се покажекако нешто многу опасно – доволно опасно да ви го уништи животот. Тие ќе се трудат по секоја цена да ја сочуваат илузијата на совршенство и ќе настрада секој што ќе се обиде да ја наруши.

Што да се направи? Најдете личност од крв и месо, личност која некогаш се смее, а некогаш плаче, која што има добри и лоши денови, личност со добри и лоши особини. Секако, со таква личност нема сè да биде совршено – но барем ќе биде вистинито, а на долги патеки, тоа е многу позначајно. За разлика од совршеноста, вистината трае.

Би можело да ве интересира:

„Ја изневерувам жена ми 11 години - ќе ви откријам 7 знаци кои укажуваат дека партнерот ве изневерув... Мажот што изневерил почнува да покажува чувство на вина на најразлични начини. М...
Зошто по автоматизам претпоставуваме дека со немажените жени нешто не е во ред? Да се омажиш подоцна за вистинскиот е подобро, отколку да се омажиш порано за по...
10 работи кои девојките со емоционална интелигенција ги прават поинаку во врските Девојките со емоционална интелигенција не паничат кога работите не се совршени, ...
Совети за самозадоволување и оргазам за мажи и жени: Зошто е добро да мастурбирате? Исклучете светла, понесете си некоја играчка, вклучете ја фантазијата и играта м...
„Шефица“ и уште 3 идеални пози за секс набрзина, кога немате премногу време (18+) Кои секс пози се одлични за набрзина, кога немате премногу време, а морате да се...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg