Луди од љубов?!

ludi-od-ljubov-povekjeНема некој што не ја слушнал фразата „луди од љубов“. Таа фраза е толку вообичаена што повеќе никој и не размислува за неа откако...


...ќе ја чуе – и онака тоа е само уште една фраза, зошто би размислувале за неа?

ludi-od-ljubov

Зошто би се прашувале дали има вистина во неа, дали љубовта и лудилото имаат некоја сличност? Не мислиме на злосторствата од страст, секако. Постои ли некоја сличност помеѓу љубовта и лудилото, односно помеѓу љубовта и некое ментално заболување?

На Универзитетот во Пиза спроведено е истражување кое на извесен начин потврдува сличност помеѓу љубовта и едно ментално заболување. Кое? Кај „тазе заљубените“ нивото на серотонин во крвта е многу пониско од нормално, дури за 40 проценти! Тоа значи дека крвната слика на „тазе заљубените“ се поклопува со крвната слика на манично депресивните личности.

Ова откритие не е некое големо изненадување, затоа што веќе е познато дека „тазе заљубените“ ја губат врската со реалноста (само во одредена мерка, се разбира).

Сега се поставува прашањето, дали заљубеноста е болест? Дали е потребно некакво лечење, терапија?

Не. Заљубеноста, дефинитивно не е болест и не треба да се третира како таква. Без било какво лечење, без интервенција од страна на лекар, нивото на серотонин ќе се врати на нормала и крвната слика ќе биде повторно нормална. Тогаш и однесувањето ќе се врати во нормала и тоа повторно без терапија.

Значи, иако состојбата на заљубеност, барем во почетокот, има извесни сличности со одредени ментални заболувања (манична депресивност), фразата „луди од љубов“ не е навистина точна – љубовта само во некои моменти личи на болест, но тоа никогаш навистина не е.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Зошто по автоматизам претпоставуваме дека со немажените жени нешто не е во ред? Да се омажиш подоцна за вистинскиот е подобро, отколку да се омажиш порано за по...
„Под прав агол“ – секс поза што треба да ја пробате уште вечерва (18+) Станува збор за секос поза која дозволува користење секс играчки за стимулација ...
Прашувам за пријател: „Се сплеткав со дечко што има девојка - дали да ѝ кажам?“ Замислете ја ситуацијава, запознавате дечко, кој е забавен и фин, си разменувате...
6 причини зошто не можете да си најдете девојка, дури и кога сакате сериозна врска Не водите никаква грижа за изгледот и се однесувате арогантно – кои се најчестит...
„Имам микропенис - никогаш не ги лажам девојките за големината, но им го чувствувам разочарувањето“ ... „Секогаш ги избегнував соблекувалните за да не ми се забележи големината на поло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg