Сексот како обврска

seksot-kako-obvrska-povekjeДолго време за сексот се размислуваше како за грев. И денес за некои сексот е табу тема, но сепак сè повеќе се шири сфаќањето дека не се работи...


...за нешто нечисто – за жал, се оди и во друга крајност, па излегува дека имате обврска за редовен секс. А не е така.

seksot-kako-obvrska

На што мислиме? За почеток, тоа се текстови кои ве охрабруваат да имате секс и да ги изразите сопствените желби, да се потрудите потребите да ви бидат задоволени.

Тоа се описите на различните сексуални техники и задоволствата што ги овозможуваат тие техники, приказните за сексуалните помагала, приказните за оние што редовно уживаат во феноменот секс....

Доколку прочитате доволно такви текстови (несомнено во нив има и корисни информации), може да добиете впечаток дека , ако по толку совети немате редовни и феноменални сексуални односи, вие сте тотален лузер, кој заостанува во модерните времиња. Депримирачки и повеќе иритира одошто стимулира нешто да преземете.

Значи ако ви се смачи од многу текст за секс, некое време немојте да читате – и немојте да се чувствувате примитивно. Немате обврска да имате редовен секс, особено не тогаш кога не ви е до секс, или кога немате со кого, а не сте расположени ни за самозадоволување.

Феноменален сексуален живот – по книга? Па баш добро, за оние што ја зборуваат вистината, но вие не мора да се натпреварувате со нив.

Водењето љубов е супер - тогаш кога за тоа сте расположени, или евентуално, кога за тоа не сте сосема расположени, но на саканата личност многу и значи тоа да го направите.

Кога сме веќе кај расположението за читање книги или за долготрајно спиење и одмарање, кога во тоа повеќе уживате отколку во сексот, немојте да се стегате, исполнете си ја желбата – а олимписките достигнувања во количината на сексот, или бројот на оргазми препуштете им ги на оние на кои сексот им е натпревар.

Уживајте во она во што ви се ужива!

Би можело да ве интересира:

30 секс прашања кои треба да му ги поставите на партнерот ако сакате да го „испотите“ и замислите „Која секс поза никогаш не си ја пробал/а, а сакаш? Кој ти е најжешкиот дел од п...
„Гледам порно филмови - како ми влијае тоа на бракот?“ (18+) „Јас имам 40 години и во брак сум 15 години, од пред извесен период почнав да гл...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
Совети за самозадоволување и оргазам за мажи и жени: Зошто е добро да мастурбирате? Исклучете светла, понесете си некоја играчка, вклучете ја фантазијата и играта м...
„Дечко ми бараше да избришам слика на која сум во бикини, па го откачив - зошто донесов ваква одлука... Откако актерот Џона Хил беше обвинет дека ја терал девојката да ги избрише сите ...
Бизарни љубовни совети за да се омажите од 90-тите (кои ѝ помогнале на Викторија Бекам да го „улови“... „Ставете кармин дури и кога одите на трчање. Ако имате голем нос, оперирајте го“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg