Тие секогаш доцнат!

ti-sekogas-docnat-povekjeИма потполно неорганизирани луѓе кои постојано доцнат и тоа не е ништо ново. Но, се поставува прашањето што кога ќе сфатите дека личноста...


...со која неодамна сте почнале да излегувате спаѓа во таа група.

Одговорот е: тоа не е мана за која треба да прогледате низ прсти.

Некои од овие луѓе кои постојано доцнат дури и не се извинуваат, весело ќе ве поздрават иако доцнат пет минути. Со нив не треба да се има милост - не се мисли на физичко насилство, се разбира, но треба веднаш да им се стави до знаење дека таквото однесување е неприфатливо и дека нема да го толерирате.

ti-sekogas-docnat

Сега некој може да се запраша: добро, многумина доцнат, зошто тоа би бил толку голем проблем?

Доцнењето не е проблем само затоа што таа личност не е организирана, подоцна, ако сте во сериозна врска, тоа може и вам да ви создава проблеми.

Доцнењето – особено доцнењето без извинување - значи дека таа личност нема почитување кон вас и вашето време. А тоа дури и во кусите секс шеми создава проблем. Ниту тогаш не ви е пријатно да сте со личност која не ве почитува. Да се разбереме, без меѓусебно почитување не може да опстане ниту една врска.

Некои се надеваат дека оној што доцни со време ќе се измени. На која основа се надеваат?

Ако тој/таа доцни уште на почетокот од врската, кога би требало да се труди да остави добар впечаток и да ве освои, нема шанси подоцна да се измени – неговото/нејзиното непочитување кон вас ќе стане се повоочливо.

Се надевате дека со време ќе се навикнете на таква личност? Зошто да се навикнете на недостаток од елементарна пристојност и почитување?

Може да се случи, оној со кого сте во суштина да е многу подобра личност отколку што може да се заклучи според доцнењето. Во тој случај ќе има ефект ако во старт кажете дека нема да толерирате доцнење (секако секому може да му се случи инцидентно да задоцни од оправдани причини, но тоа веднаш се кажува, со задолжително извинување).

Ако тоа не помогне, подобро веднаш прекинете ја врската и побарајте некој друг, кому пристојноста и почитувањето на потенцијалниот партнер или партнерка не му се непознаница.

Би можело да ве интересира:

6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна ...
Секс поза „клацкалка“ – наменета за девојките што сакаат да доминираат за време на сексот (18+) Со оглед на тоа што партнерот треба да стои мирен, оваа секс поза е одлична за о...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
Како да му признаете на партнерот дека сте го излажале, без (премногу) да ги повредите неговите чувс... Важно е да се извините искрено, а ако станува збор за голема лага, немојте да го...
Мажот мора да биде повисок: Необични правила за љубовни состаноци и врски од минатото Жените никогаш не треба да го направат првиот чекор, додека мажот секогаш треба ...
Најголеми грешки што ги прават партнерите по разводот, според адвокатка на славни личности Ким Кардашијан, Бритни Спирс, Аријана Гранде, Анџелина Џоли, Џони Деп, се дел од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg