5 работи што ги учите за себеси додека сите околу вас стапуваат во брак, а вие сте сами

Со секоја нова година во која сте останале сами и не сте ја нашле љубовта учите по нешто ново за себеси. Што е она што го барате кај партнерот? Дали се сакате себеси доволно? Што е она што вам ви е важно?

Pet-raboti-shto-gi-uchite-za-sebesi-dodeka-gi-gledate-site-okolu-vas-kako-stapuvaat-vo-brak-a-vie-ste-sami-01.jpg

Ако сте од оние што ги поминале лудите 20-ти години од животот и полека доаѓате до 30-тата година, тогаш со сигурност веќе знаете дека некои работи се менуваат. Додека ги гледате другите околу вас како стапуваат во брак, основаат семејства, вие сфаќате дека лично за вас некои работи се промениле.

Се менува типот на мажи што ви се допаѓаат

Прво се менува „типот“ на мажи што ви се допаѓаат. Ова особено доаѓа до израз доколку сте во средните или доцните 20-ти години од животот.

Наместо да ви биде важен само изгледот кај партнерот и наместо да барате некого со кого можете „лудо“ да се забавувате почнувате да барате други особености како што се: одговорност, искреност и интегритет.

Почнувате да го цените партнерот заради тоа што со него можете да говорите за голем број значајни работи, за вашите проблеми, за семејството, но и за работата, затоа што како што растете така се менуваат и вашите приоритети.

Pet-raboti-shto-gi-uchite-za-sebesi-dodeka-gi-gledate-site-okolu-vas-kako-stapuvaat-vo-brak-a-vie-ste-sami-02.jpg

Со секое ново искуство во врските учите нешто ново за себеси

Иако модерните врски ви се чинат застрашувачки, сепак со секое ново момче учите нешто ново за себеси и за тоа што е она што го барате кај партнерот.

Исто така учите како да се сакате себеси и сфаќате дека некогаш е подобро да бидете сами отколку да бидете со некого што не знае да ве почитува или не сака да ја дефинира вашата врска.

Pet-raboti-shto-gi-uchite-za-sebesi-dodeka-gi-gledate-site-okolu-vas-kako-stapuvaat-vo-brak-a-vie-ste-sami-03.jpg

Не сакате да бидете со некого само за да не бидете сами

Не сакате да бидете со некого само за да не бидете сами.

Можеби долго време сте биле „сингл“ и гледате дека сите ваши другарки и пријателки се во брак, сепак тоа не значи дека треба да бидете во врска само за да не бидете сами.

Не сакате да останете во врска само затоа што се чувствувате комотно и не сакате да бидете со некого што не ве сака доволно и на начин на кој што заслужувате да бидете сакани.

Pet-raboti-shto-gi-uchite-za-sebesi-dodeka-gi-gledate-site-okolu-vas-kako-stapuvaat-vo-brak-a-vie-ste-sami-04.jpg

За да бидете среќни во брак мора прво да научите да се сакате себеси

Мора да знаете кои сте вие самите пред да се одлучите на брак. Ако стапите во брак без да знаете кои сте и што е она што го сакате од животот прави да се потпирате на вашата врска за да бидете среќни и прави да го следите партнерот во чекор без да застанете да се прашате себеси дали навистина го сакате тоа.

Доколку не сте научиле како да бидете среќни додека сте сами, нема да ја најдете ниту во бракот. Ако не научите да се сакате себеси додека сте „сингл“, нема да се сакате себеси ниту кога ќе бидете омажени.

Уште полошо е да се одлучите да имате деца доколку не сте подготвени за тоа. Тоа што имате деца не значи дека сте си обезбедиле сигурен брак, напротив, децата се најдобар тест за тоа колку еден брак е цврст.

Pet-raboti-shto-gi-uchite-za-sebesi-dodeka-gi-gledate-site-okolu-vas-kako-stapuvaat-vo-brak-a-vie-ste-sami-06.jpg

Нема да ги загубите пријателките и другарките што се омажиле

Нема да ги загубите пријателите што се омажиле.

Иако можеби ви се чини дека во целост ќе загубите контакт со пријателките и другарките што стапиле во брак, тоа воопшто не е така.

Еднаш кога вашите другарки ќе ја поминат фазата на „меден месец“ очекувајте дека веднаш ќе сакаат да се дружите и повторно ќе ги имате и за себе.

Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com/ freepik.com

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg