Дали се сакате?

dali-se-sakate-povekjeДали ја почитувате својата партнерка? Ако со таа девојка излегувате само затоа што убаво изгледа, тоа сигурно не е љубов. Дали би останале...


... со неа цела вечер кога однапред би знаеле дека воопшто нема да има бакнежи, галење и секс? Не? Тоа не е љубов.

Дали сте двајцата опуштени и среќни кога сте сами, без пријателите? Ако за добра забава ви е потребно присуство од други луѓе, тогаш тоа не е љубов.

dali-se-sakate

Дали добро се сложувате? Доколку често се карате и смирувате, се задевате и се критикувате и имате испади на љубомора, бидете внимателни затоа што можеби сте поблиску до пријателството отколку до љубовта.

Ве привлекуваат ли други? Потврден одговор на ова прашање значи дека не ја сакате личноста со која сте.

Дали сте потполно искрени еден кон друг? Ако еден од вас или двајцата покажувате знаци на себичност, несигурност, затвореност во себе и неспособност да се изразат чувствата, мали се шансите вашата врска да се заснова на искрена љубов.

Дали сте реални? Ако уште некој, освен вашите родители, кои можеби се пристрасни, ви рече дека ги чуди што сте сеуште заедно, а толку сте различни, или се сомнева во вашиот избор, можеби треба да ја преиспитате својата врска.

Дали во вашата врска едната страна повеќе зема отколку што дава? Ако е така,вашата врска нема иднина без разлика колку идеално сега ви изгледа.

На крајот, сонувате ли со сегашниот партнер да ја дочекате староста и да засновате семејство? Да? И уживате во таквите сни? Тоа би можело да биде знак на вистинска љубов која што нема да се расипе со тек на времето.

По принцип „ме сака, не ме сака, ме сака, не ме сака...“, давајќи си одговори на поставените прашања многу лесно можете да откриете во која мерка сте заљубени, поточно дали тоа што го чувствувате е заљубеност или се работи за вистинска љубов.

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Прашувам за пријател: „Го изневерив сопругот и првпат доживеав оргазам, веќе не сакам здодевен секс ... „Малку е веројатно дека некогаш со некого повторно ќе ја почувствувате истата во...
Маж (48) со исповед: „Партнерката е сексуално поискусна од мене – се плашам дека сум ѝ здодевен“ „Бившата сопруга не беше заинтересирана за секс, а таа е единствената жена со ко...
Секс поза „приклучок“ – омилена на мажите што не се премногу надарени (18+) Со мала модификација можете да ја зачините мисионерската секс поза и на партнерк...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Виe прашувате, македонски сексолог одговара: „Партнерот доживува оргазам за 2 минути, како да му пом... „Партнерот доживува оргазам многу брзо (за 2 минути буквално), како да му помогн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg