„Mob wife“: Предлог комбинации со трендот што го освојува светот (фото)

Раскошни бунди, впечатлив златен накит и тесни фустани во темна боја – што претставува новиот тренд кој е популарен кај инфлуенсерките и е инспириран од „мафијашки“ филмови и серии, како The Sopranos?

mob-wife-predlog-kombinacii-so-trendot-shto-go-osvojuva-svetot-foto-01.jpg

Периодов сигурно сте налетале на фотки и видеа од модни инфлуенсерки со опис или таг Mob Wife.

Станува збор за моден тренд, инспириран од „мафијашки“ филмови и серии, како The Sopranos.

Односно, фокусот е ставен на парчиња облека што ги поврзуваме со сопруги (и девојки) на наркобосови. Оттаму и името на трендот.

Во овој случај не важи познатото модно правило „помалку е повеќе“, туку токму спротивното.

Раскошните бунди, тесните (кратки) фустани и впечатливиот златен накит се дел од деталите што го дефинираат овој тренд.

Притоа, доминираат темните бои, а најчесто предност ѝ се дава на елегантната црна. Но, исто популарни се и парчињата со леопардски принт, особено кога станува збор за бунда.

Овде се и очилата за сонце кои се со темни стакла, а се чини дека на модната сцена е враќаат и црните ленти за коса. Во студените денови, изгледот можете да го дополните со црни кожени ракавици.

Неколку предлог комбинации за инспирација:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
Парчиња накит кои ќе бидат вистински хит во 2024-та (фото) Накитот има посебна магија - ќе ви го дополни изгледот, ќе ви ја развесели секој...
8 тренди парчиња кои нашите баби ги обожавале, а сега се враќаат во мода Плетени елеци со макраме техника, цветни марами, ролки комбинирани со тиролки......
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...
Плетените фустани со дупчиња се хит ова лето – одлични се и за на плажа (фото) За лежерни излегувања, но и за на плажа – памучните плетени фустани со дупчиња с...
5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg