AVON продолжува со иновации и во првиот квартал

 avon-prodolzuva-so-inovacii-01

Козметичката компанија AVON ги претстави новитетите на пазарот

Нов луксузен кармин за апсолутна боја

Новата револуционерна колекција кармини кои ги негуваат усните преку 6 различни компоненти беа претставени на почетокот на 2014, во втората Кампања на компнијата. Луксузните кармини истовремено обезбедуваат и прекрасна боја и мултикорисни формули за напредно негување на усните, сега во само еден кармин.

avon-prodolzuva-so-inovacii-1

Тие содржат комплетен природен и витамински комплекс за нега кој вклучува 6 компоненти кои поттикнуваат потхранување и заштита на усните: витамини Е и Ц, фирол (екслузивно природно масло добиено од хлорофилот со силен регенерирачки ефект), 50% хидрирачки состојки како балсам за усни, заштитен фактор 15 и колаген.

Целиот овој комплекс го прави карминот кремаст и овозможува толку висока хидратација и напредна нега на усните, што антиоксидантните својства продолжуваат да работат и откако ќе го извадите.

Со својата иновативна True Color технологија која содржи самообновливи пигменти и гарантира вистинска долготрајност на шминката, овој повеќенаменски кармин обезбедува екстремно интензивни бои кои се достапни во 20 различни нијанси.


Допир на женственост со новиот парфем Avon Femme

Во Кампањата посветена на Денот на жената, компанијата AVON лансира нов парфем, посветен и инспириран токму од нејзината женственост и префинетост.

Гламурозен и софистициран мирис што предизвикува елегантна комбинација од пенлива свежина и цветен букет. Светлите и мирисни цветови се надополнуваат со одбрани овошки и топли сензуални дрва.

avon-prodolzuva-so-inovacii-3

Овој парфем во горните ноти има пенлива мешавина од црвен портокал, круша и ливчиња од темјанушка; срцевината открива букет од магнолија, ливчиња од јасмин и дива орхидеја, додека пак во основата ве препушта на релаксирачката комбинација од килибар, мека лушпа од праска и скапоцен мошус за долготраен мирис.

Креаторот Хари Фримонт, кој инаку е креатор и на најпродаваните мириси во светот, вели дека убавината на цвеќињата го однеле во светот на мирисите.

„Бев инспириран од блескавиот дијамант”, вели Фримонт. „Сакав Avon Femme да биде луксузен букет од софистицираност, исто каква што е и модерната жена денес. Овој мирис е чудесно смел, страствено создаден и брилијантно вметнат во секое сценарио од животот на жената.”


Многу волумен, нималку тежина со новата маскара Aero Volume

За последната Кампања од првиот квартал, AVON ја најавува новата маскара за вонсериски волумен – Aero Volume. Поаѓајќи од фактот дека 75% од сите купени маскари се маскари за поголем волумен, компанијата создаде маскара со уникатна воздушеста бестежинска формула која ја обвива секоја трепка поединечно со лесен волумен.

avon-prodolzuva-so-inovacii-2

Со помош на оваа технологија трепките изгледаат природно и остануваат подигнати со часови, а од компанијата велат дека оваа формула е најлесната досега создадена кога било во AVON.

Имено, традиционалните сферични влакна се тешки и грутчести, а старите формули за волумен имаат тешка структура која ги оптеретува трепките, па во новата маскара Aero Volume е употребена револуционерна “ZERO GRAVITY” технологија инспирирана од вселената која содржи т.н. Pillow комплекс на празни влакна кои прават волумен кој не тежи.

Истовремено, маскарата Aero Volume има и уникатна четкичка во облик на ѕвезда која вертикално ги подигнува трепките и рамномерно ја распоредува формулата.

Би можело да ве интересира:

7 парфеми со кои мирисот на летото можете да го носите и преку целата година Летото важи за еден од најбезгрижните периоди во годината, кој мириса на море, к...
Плетени волуменозни капи и шалови - моден тренд кој ќе ја одбележи оваа зима (фото) Ако минатата година во мода беа беретките и шеширите, оваа сезона се враќаат пле...
Златко Јовановски со впечатлива креација за Талија од „Росалинда“: Фустан со пердуви и бисери за Лат... „Моите креации се екстремно тешки, големи и волуменозни, а на ѕвездите кои ги но...
Златко Јовановски за новата колекција: „Сошивме венчаница со 38.000 рачно везени кристали за 11 дена... „Горд сум на нашето ремек-дело, венчаницата со која се надминавме себеси - ...
6 модни формули за рана пролет со кои секогаш ќе изгледате средено Пролетта ни е на прагот, а во претстојните месеци дополнете го вашиот плакар со ...
Модниот стил на новата кралица на Данска - Елеганција и префинетост во секоја комбинација (фото) Ја споредуваат со Кејт Мидлтон, обожава мини шапки и букети свежо цвеќе кои чест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg