Одберете ги идеалните гаќички

Во денешно време, со оглед на тоа што има најразлични модели, бои и дезени не е баш лесно да се одберат вистинските гаќички кои ќе ви одговараат и според обликот на телото, материјалот, изгледот, стилот и да се чувствувате удобно во нив.

odberete-gi-idealnite-gakjicki-01

Сепак, може да се направи некоја селекција и поделба според која може да се ориентирате и да си ги одберете оние кои најмногу ви одговараат.

Класични бикини гаќички

Меѓу основните модели, овие се едни од најпопуларните бидејќи покриваат онолку колку што треба, доволно се плитки за да може да се носат под панталоните со низок струк, а поради памукот од кои се изработени, удобноста им е предност.

Единствена маана им е тоа што памукот со текот на времето ја губи еластичноста, па почнуваат да паѓаат.

Но, ако пронајдете модел изработен од спендекс и најлон, тој не ја менува формата и е идеален избор за вежбање.

odberete-gi-idealnite-gakjicki-1


Гаќички со висок струк

Ова е идеален модел за дамите кои имаат проблем со долниот дел од стомакот, бидејќи служат како еден вид стегач или мидер. Се прилепуваат на долниот дел од стомакот и се прилагодуваат на вашиот природен струк, па ви даваат еднаква линија на телото. Овие ретро гаќички се доказ дека помалку не е секогаш повеќе, бидејќи се навистина секси.

odberete-gi-idealnite-gakjicki-2


Хипстерки

Иако малку подлабоките гаќички се секси, сепак не им одговараат на девојките кои сакаат да носат панталони и здолништа со низок струк. Но, затоа хипстерките се идеални, бидејќи не се минијатурни, а со тоа одлично покриваат, а се доволно плитки за да бидат популарни и да не ѕиркаат со ластикот.

Ако најдете хипстерки од удобен материјал, тие се одлична замена и за тангата бидејќи не се оцртуваат.

odberete-gi-idealnite-gakjicki-3


Танга со широка трака

Ако го сакате чувството кога носите танга и ако во нив се чувствувате секси, но сепак сакате и малку да ве покрива, тогаш овие гаќички се совршени за вас.

За разлика од тангата која стои како врзана на конци, овие модели околу половината имаат широка трака која може да биде од тантела или сатен. Освен што малку повеќе покриваат, овие гаќички не ви ја пресекуваат кожата.

odberete-gi-idealnite-gakjicki-4


Танга – боксерки

Ваквите гаќички се многу секси, особено ако се од тантела. Ако сакате долна облека која не ви го стега стомакот, тогаш одберете плитки боксерки кои одзади се претвораат во танга. Особено се добри за носење под тесна гардероба, бидејќи не се оцртуваат.

odberete-gi-idealnite-gakjicki-5


Мидер

Ако сакате за момент да го намалите обемот на струкот, да изгледате послабо и да имате еднаква линија на телото, тогаш одберете мидер кој се протега до под градите и го подигнува задникот. Ако си го најдете моделот кој е скроен за вас, ќе почувствувате и колку е удобен.

odberete-gi-idealnite-gakjicki-6


Боксерки

Класичните боксерки се подлабоки од хипстерките но многу се удобни и посакувани од сите жени кои не ги сакаат многу тангите. Добро е секоја активна жена, која е постојано во движење да има неколку вакви модели бидејќи се практични и удобни.

odberete-gi-idealnite-gakjicki-7

Кој е вашиот омилен модел?

Би можело да ве интересира:

6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg