Модата од црвениот тепих на Оскарите 2014

Најочекуваното и најгламурозното филмско случување во годината по 86 пат го извлече максимумот од ѕвездите на црвениот тепих.

modata-od-crveniot-tepih-na-oskarite-2014-01

Тоалетите и високите потпетици со дизајнерски потписи, совршените силуети и накитот од милиони долари доминираа на гламурозното пристигање на Оскарите 2014.

Ејми Адамс имаше впечатливо појавување во темно син Гучи модел, исто како и Сандра Булок, додека Лупита Нуонго блесна во светло сина свила која елегантно и го следеше секој чекор.

Прекрасната Џенифер Лоренс по втор пат доминираше на црвениот тепих на Оскарите, во креација на Диор.

Од мажите пак, Фарел Вилијамс остана доследен на својот ексцентричен стил, па на црвениот тепих се појави во црн смокинг, но со шорцеви наместо панталони.

Шарлиз Терон, Ен Хатвеј и Џулија Робертс се одлучија за црни тоалети, додека Анџелина Џоли пленеше со едноставноста во фустанот со потпис од Ели Сааб.

Каков моден избор направија сите ѕвезди кои се појавија на најгламурозниот црвен тепих на Оскарите, погледнете во продолжение:

Би можело да ве интересира:

„Машки“ панталони, кошули и јакни – Младите трендсетерки сè почесто негуваат андрогин стил (фото) Машките парчиња облека, како широки панталони и големи јакни, повеќе не се само ...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 работи со кои лесно ќе ја освежите здодевната летна облека Капри панталоните никогаш не излегле од мода, но не им прилегаат на сите жени, б...
Ретро модна инспирација: Филмски хероини чиј стил ќе ве инспирира ова лето Од интересните шапки и очила на Одри Хепберн во филмот „Paris When It Sizzles“, ...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg