Ќоше на модни фанови: Преку овие знаци откријте дали сте модно гуру

Постојат некои работи и комбинации на облека кои единствено само вљубените во модата ќе ги разберат.

kjose-na-modni-fanovi-preku-ovie-znaci-otkrijte-dali-ste-modno-guru-1-

Можеби на другите овие знаци ќе им се чинат чудни или неинтересни, но за модниот гуру овие знаци се совршенство.

Па, проверете дали и вие сте моден зависник и љубител на трендовите:

1. Поседувате пет пара патики, но ниту еден пар не го користите за вежбање. Овие патики веројатно ви се потребни за да испробувате најразлични комбинации на облека и да правите фотографии за да видите што е најинтересно и највпечатливо.

2. Носевте кратка маичка уште пред неколку години, иако вашите пријатели не ја одобруваа. Сега гордо им велите дека сепак сте имале право и сте биле далеку пред модните трендови.

3. Поседувате блог на кој секојдневно поставувате нови фотографии од вашите интересни комбинации. Секој пат се стремите кон тоа да се надминете себеси во однос на модата и трендовите.

4. Случајно налетувате на фотографија од позната личност која се облекла слично или исто како вас. Горди сте на фактот што успешно сте ја комбинирале гардеробата.

5. Купувате облека која подоцна ја носите на кројач или сами ја преправате. Секогаш додавате некој специфичен елемент по кој си го одбележувате сопствениот стил.

6. Трендот „грди” обувки за вас е всушност одличен тренд и обожавате да ги фотографирате грдите чевли кои сте си ги купиле.

kose-na-modni-fanovi-preku-ovie-znaci-otkrijte-dali-ste-modno-guru-2.jpg

7. Кога се појавува некој нов тренд, пријателите прво вам ви се јавуваат да ви кажат. Вие секако веќе го знаете и им давате совети како да го носат тоа парче облека.

8. Откажувате состаноци бидејќи сте чуле дека некаде има распродажба или се отвора некој нов трговски центар или нова продавница.

9. Дури и да не можете да издржите, сепак ќе ги облечете тие високи потпетици бидејќи феноменално се вклопуваат со вашата гардероба.

10. Цврсто сте убедени дека со секој „аутфит” треба да се носат очила за сонце кои одговараат со истиот.

kose-na-modni-fanovi-preku-ovie-znaci-otkrijte-dali-ste-modno-guru-3.jpg

Се препознавте ли?

Има ли некој моден гуру меѓу вас?

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg