Момци, одберете шешир според вашиот стил

Истакнете го вашиот стил со уште еден моден додаток, кој не само што ќе изгледа убаво на вас, туку и одлично ќе се поклопи со вашиот стил на облекување.

momci-odberete-esir-spored-vasiot-stil-1-.png

Без разлика дали повеќе преферирате да се облекувате формално или неформално, постојат повеќе видови на шешири меѓу кои можете да одберете.

Станува збор за класични модели на шешири, кои досега си ја задржаа својата традиција заради добриот стил и дизајн:

Хамбург

Овој шешир името го добил по германското одморалиште, каде и за првпат се појавил.

Станува збор за најформалниот шешир кој често можете да го забележите како дел од гардеробата на амбасадорите и дипломатите.

Погоден е за дневна и вечерна гардероба, а истиот изгледа подобро на повозрасни мажи.

Во црна или мастило боја, хамбург шеширот се носи со темно одело во пролет или есен, а со капут во зима.

Доколку вашето лице е овално, тогаш врвот на шеширот не треба да биде премногу висок. Работ на шеширот треба да биде широк, за со него да ги нагласите линиите на вашето лице.

8-neocekuvani-znaci-koi-signaliziraat-deka-vi-nedostasuva-son-2--


Федор

Името го добил од истоимената мелодрама на Викториен Сарду од 1882 година, а станува збор за шешир со кој можете да правите најмногу комбинации.

Погоден е за неформално дневно или вечерно излегување, а денес можете да го најдете со обод кој е флексибилен и се поместува нагоре, односно надоле.

Мажите кои имаат тесно лице, не би требало да носат федор со широк обод, бидејќи така го нагласуваат тесното лице.

8-neocekuvani-znaci-koi-signaliziraat-deka-vi-nedostasuva-son-3


Трилби

Шеширот го добил името по истоимениот јунак од книгата на Џорџ ду Мориер.

Станува збор за погруба варијанта на шешир од федорот, стеснет за сантиметар и со широка трака која обично е од ребрести материјал.

Трилби се носи на неформални настани, а неговата мекост овозможува да се обликува на најразлични начини и токму затоа е најпопуларен кај повеќето мажи.

casualblazer


Панама сламен шешир

Овие шешири се одлични за во лето и пролет, а панама шеширот го донеле морнарите од латиноамериканските земји пред крајот на 19-ти век.

Може да го препознаете преку свилената ребреста трака со широчина од 5 до 7 сантиметри.

2f42178b32ff0734494a7bba2f27f4a4


Возачка капа

Возачката капа од мека ткаенина ја добила својата популарност во 19-тиот век, како замена за шешир кој се носел во отворени автомобили, со цел да не биде одвеан од ветрот во текот на возењето.

Возачката капа стои цврсто на главата, а може да ја пронајдете во еднобојна или во шарена варијанта.

Најдобро изгледа на неформални настани или како детаљ кога посетувате спортски настан.

mens-designer-hats-fashion-trend


Момци, кој шешир најмногу ви го привлече вниманието?  

Би можело да ве интересира:

Ретро модна инспирација: Филмски хероини чиј стил ќе ве инспирира ова лето Од интересните шапки и очила на Одри Хепберн во филмот „Paris When It Sizzles“, ...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
Модниот стил на кралот на трубата Џамбо Агушев - Весели бои, впечатливи палта (фото) Гардероба во весели бои и врвна забава - ова се првите асоцијации за Џамбо Агуше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg