Нивниот стил остана запишан во времето: Диви кои ја издигнаа модата

Џеки Кенеди Оназис

Нејзините предигри, ставот и бракот со претседателот на САД само допринеле за да стане вистинска икона на стилот. Џеки Кенеди ќе остане запомнета по елегантните костуми, шешири, очилата за сонце кои добиле име токму по неа. Како гламурозна дива, уште во тоа време носела дизајни на Олег Касниј, Коко Шанел и Хуберт Живанши.

nivniot-stil-ostana-zapisan-vo-vremeto-divi-koi-ja-izdignaa-modata-5.jpg


Коко Шанел

Коко е една од највлијателните модни дизајнерки на сите времиња, а нејзината визија влијаела на тоа како ќе се облекуваат жените. Таа прва користела стреч материјал, а познатите бисери кои секогаш ги носела со малото црно фустанче исто така станале нејзин препознатлив дизајн и кој ѝ донел статус на модна икона.


Брижит Бардо

Познатата секс – бомба од 50-тите години на минатиот век, Брижит Бардо останала препознатлива по натапираната руса коса, мачкините очи и полните усни. Оваа француска глумица била една од првите кои носеле провокативни бикини во два дела, кои дотогаш биле потполно скандалозни. Исто така, Брижит го направила популарен засекот на фустаните кои ги открива двете рамена.

nivniot-stil-ostana-zapisan-vo-vremeto-divi-koi-ja-izdignaa-modata-7.jpg


Одри Хепберн

Синоним за женственост и стил, скоро сите филмови во кои глумела, станале легендарни. Од познатите мали црни фустанчиња и мачкините очила за сонце во филмот „Breakfast at Tiffany“ до долгите здолништа со колан во филмот „Roman Holiday“. Одри засекогаш ќе остане запаметена по женственоста која ја внела во сè што облекла. Оваа прекрасна глумица му била верна на нејзиниот дизајнер Хуберт Живанши.

nivniot-stil-ostana-zapisan-vo-vremeto-divi-koi-ja-izdignaa-modata-8.jpg


Марлен Дитрих

Марлен е една од најгламурозните филмски диви на сите времиња која изгледа воодушевувачки дури и во бунда и во строги класични одела. Во 30-тите години на минатиот век му била инспирација за дизајнерот Ивес Сен Лорен за да креира линија одела специјално кроени и струкирани за дами. Благодарение на неа, оделата станаа не само прифатливи за жените, туку и модерно и секси парче облека.

nivniot-stil-ostana-zapisan-vo-vremeto-divi-koi-ja-izdignaa-modata-9.jpg



Би можело да ве интересира:

Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Ретро модна инспирација: Филмски хероини чиј стил ќе ве инспирира ова лето Од интересните шапки и очила на Одри Хепберн во филмот „Paris When It Sizzles“, ...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
Модниот стил на кралот на трубата Џамбо Агушев - Весели бои, впечатливи палта (фото) Гардероба во весели бои и врвна забава - ова се првите асоцијации за Џамбо Агуше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg