За модерни девојки: Diesel колекција есен/зима 2014

На денешната мини модна ревија во трговскиот центар City Mall беа претставени новите колекции на брендот Diesel.

diesel-kolekcija-esen-zima-2014-01.jpg

Во едноставен, модерен и слободен стил кој одговара на младешкиот дух моделите кои прошетаа пред новинарите им ја дадоа вистинската енергија на парчињата облека.

Она што е интересно е што Diеsel го задржува својот препознатлив стил и материјалите како џинсот, кој надополнет со кожните детали на совршен начин го истакнуваат бунтовничкиот чекор во кој се пронаоѓаат младите.

Креативниот директор на колекцијата, Никола Формикети, инспириран од природата и современиот свет го дава точниот печат:

„Оваа сезона сакав да ја откријам другата страна на Diesel, која е забавна и по малку иронична, но пред сè слободоумна. Размислував кои сме ние - урбани номади кои патуваат околу светот посетувајќи различни музички фестивали како Коачела или Гластонбери”, вели Формикети.

Токму инспирацијата од музичките фестивали внесува лежерен дух во војничките парчиња. Класичните зелени парка јакни и палта се комбинираат со дезенирани материјали и помеки форми.

Oд сезона во сезона Diesel изнаоѓа нови начини да ја реинтерпретира кожата како материјал во форма на јакни и останати парчиња со впечатливи детали.

Џинсот - заштитниот знак на Diesel се произведува со занаетчиски пристап, каде дизајнот се спојува со иновацијата. Така, според зборовите на Формикети џинс производитe третирани со метод на избелување изгледаат како да се стари 100 години и ќе издржат уште 100.

И модните додатоци за есен/зима 2014 се во согласност со клучните трендови во колекцијата - чизми со војнички елементи, црни класични чевли со високи потпетици, златни “Oксфорд” чевли...

Погледнете дел од претставувањето на женската колекција:

Би можело да ве интересира:

Македонка во популарните чевли со одвоен палец, кои станаа хит меѓу модните блогерки Чевлите со одвоен палец се инспирирани од јапонските таби чорапи, па се наречува...
Ретро модна инспирација: Филмски хероини чиј стил ќе ве инспирира ова лето Од интересните шапки и очила на Одри Хепберн во филмот „Paris When It Sizzles“, ...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
Сара Џесика Паркер со „распар“ чевли, Ел Фанинг во апостолки на црвен тепих - Новиот моден тренд со ... Идејата е да облечете чевли што воопшто не би ги носеле со аутфитот што сте го и...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg