Тренд аларм: Оваа есен, сивата е новата црна

Сивата боја полека, но сигурно станува масивен тренд за студената сезона. „Во сиво од глава до петици“ дефинитивно е тренд кој ќе ја замени вечно елегантната црна.

trend-alarm-ovaa-esen-sivata-e-novata-crna-01.jpg

Сивите нијанси делуваат пријатно, елегантно, префинето, со доза меланхоличност и студенило.

Ако сте дама или момче кое никогаш не се откажува од своето елегантно црнило, сепак ви предлагаме да ја испробате сивата оваа есен.

Неутрална, лесна за комбинирање и прекрасна на око, идеално се освежува со црвените, светло жолти и сини тонови, па така ќе ја засакаат и љубителите на посветлите бои.

Сивите одела, џемпери, фармерки и кошули идеално се комбинираат со сè што веќе имате во гардероберот, но и сè што планирате да купите секоја наредна сезона.

Без оглед на тоа дали сте маж или жена кој/а оваа есен сака да изгледа како стилска икона на уличниот стил, искористете ја оваа фото-инспирација:

Би можело да ве интересира:

Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
8 тренди парчиња кои нашите баби ги обожавале, а сега се враќаат во мода Плетени елеци со макраме техника, цветни марами, ролки комбинирани со тиролки......
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Елена Најдоски одржа модна лекција: Како да ја комбинирате белата боја и во зима? Бел фустан искомбиниран со црна панделка, бел костум и бела блуза со крем капут....
Модниот стил на кралот на трубата Џамбо Агушев - Весели бои, впечатливи палта (фото) Гардероба во весели бои и врвна забава - ова се првите асоцијации за Џамбо Агуше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg