Women’secret го најавува првиот моден филм на компанијата „Dark Seduction“

Шпанскиот бренд women’secret одржа прес конференција на која ја претстави Елса Патаки како главна ѕвезда на првиот моден филм “Dark Seduction” режиран од Паула Ортиз.

women-secret-go-najavuva-prviot-moden-film-na-kompanijata-dark-seduction-01.jpg

За да ја претстави лимитираната колекција women'secret го одбра форматот на моден филм како нов рекламен медиум, особено популарен кај премиум модните брендови. Хауме Микел, генералниот менаџер на women’secret ѝ се заблагодари на Елса за нејзиното инволвирање и поддршка на брендот, велејќи: “Елса ги има сите особини за да ја игра носечката улога во овој филм – таа е сопруга, мајка, професионалец и знае како да ги комбинира овие улоги совршено.”

Филмот “Dark seduction” открива возбудлив свет каде линијата помеѓу реалното и нереланото е речиси незабележлива, а Елса Патаки игра сензуална жена со секси, привлечна и заводлива страна.

Актерката во врска со учеството во снимањето на модниот филм и соработката со брендот изјави: “За мене, беше од огромно значење што токму жена е режисер на филмот...Паула со своето искуство и специфичен пристап му ја дава на филмот магична нота што го прави извонреден. Дополнително, привилегија е да се соработува со шпански бренд како women’secret  - тој беше еден од првите брендови за долна облека кој ми помогна да ја изразам својата сензуална страна уште додека растев.”

Официјалната промоција на капсулната колекција како и на филмот ќе се случи во ноември, a за обожавателите на брендот промоцијата ќе биде достапна во живо онлајн на интернационалната интернет страница на брендот.

Погледнете дел од најавената колекција:

Би можело да ве интересира:

Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
Ревијата на Ивана Кнез беше вистинско уживање: Доминираа секси и храбри креации (фото) Модната дизајнерка Ивана Кнез на Скопскиот Моден Фестивал вчера (03.04.2024) го ...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
Александра Шијакоска во совршено модно издание на свадба со сопругот – блесна во фустан достоен за н... Елегантни и префинети, инфлуенсерката Александра Шијакоска и нејзиниот сопруг Ед...
Плетени волуменозни капи и шалови - моден тренд кој ќе ја одбележи оваа зима (фото) Ако минатата година во мода беа беретките и шеширите, оваа сезона се враќаат пле...
Македонските инфлуенсерки во сиви капути и палта: Хит есенски тренд кај нас и во регионот Сандра Кирков, Елена Најдоски, Цеце Николова се само дел од Македонките кои уште...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg