Приказната зад бисерниот фустан на Лупита Нионго (фото)

Темнокожата убавица Лупита Нионго полека прераснува во модна икона која на секој црвен тепих се вбројува помеѓу најдобро облечените жени. Така, и на овие Оскари се вброја во историските фустани кои ќе се паметат со децении.

prikaznata-zad-biserniot-fustan-na-lupita-niongo-foto-01.jpg

Облечена во рачно изработена креација на Келвин Клајн, Лупита на себе носеше околу 6.000 бисери нанижани на тенок тул и префинета свила.

„Лупита имаше многу јасна визија и идеја што и се допаѓа,“ изјави стилистот на Лупита. „Возбудливо е да соработуваш со неа затоа што секогаш е подготвена да испроба нови работи.“

За самата изработка на бисерната креација, Лупита се обратила кај женскиот креативен директор на Келвин Клајн со кој до сега неколку пати има соработувано.

„Лупита ни стана блиска пријателка во текот на изминатава година. Овој пат сакав фустанот да биде со графика, но сепак да делува луксузно.“

Овој ефект бил постигнат со комбинирање на 6.000 бисери во различни големини, распоредени на ткаенината со посебно внимание.

Крајниот ефект не се споредува со ниту еден останат фустан од Оскарите!

Би можело да ве интересира:

Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Плетените фустани со дупчиња се хит ова лето – одлични се и за на плажа (фото) За лежерни излегувања, но и за на плажа – памучните плетени фустани со дупчиња с...
9 модни трендови на кои треба да заборавите оваа сезона Кошула-фустани веќе не се во мода, исто како и плетените фустани... Кои парчиња ...
Која е младата грофица што ги засени и најубавите жени на Модната недела во Милано? Изгледа како бунтовна и модерна Грејс Кели, а никој не останал рамнодушен на неј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg