Зошто никој не слушнал за најдобро облечената жена со сина крв?

Кога станува збор за популарност на некое кралско лице, титулата ја држи војвотката од Кембриџ. Сепак, постои и друга кралска личност која е опседната со модните трендови, но споредено со Кејт Мидлтон, Шејха Мозах бинт Насер е малку позната за светските медиуми.

zoshto-nikoj-ne-slushnal-za-najdobr-oblecenata-kralska-zena-01.jpg

Ако ги прашате модните блогерки кои заработуваат од модата, Шејха Мозах им е добро позната и голем дел од нив се инспирираат од нејзиниот стил.

Постои и посебна интернет страна која е посветена токму на неа.

Но, општо гледано, бројот на луѓе кои имаат слушнато за оваа неверојатна жена е многу мал.

Таа до неодамна беше жена на Емирот на Катар и не само што е модна трендсетерка, туку и високо образована личност која има завршено на Универзитетот Катар и својот живот го посветила на своето образование и работа.

Шејха Мозах бинт Насер е директор на Катарската фондација за образование.

Останува прашањето: Зошто оваа жена им е малку позната на жените и девојките ширум светот?

Експертите би рекле дека одредена личност може да биде убава, добро облечена и да го живее животот од соништата на поголемиот број на жени, но и покрај сето тоа да не биде позната, односно да не се гледа на неа како на „бренд“.

Според Лиз Денери, основачот на SheBrand, вели дека клучна точка по која оваа жена се разликува од Кејт Мидлтон е тоа што не претставува инспирација за жените. За да биде добро позната потребно е сите да се гледаат во неа и така да ја идеализираат.

Кејт Мидлтон знае како да ги комбинира своите парчиња скапа облека со секојдневни брендови кои можат да ги носат сите, а за разлика од неа, Шејха Мозах се држи исклучиво до скапите и недостижни брендови.

Како што вели Денери: „Таа се облекува преубаво и прескапо за жените да се гледаат во неа“.

Би можело да ве интересира:

9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
Топ 5 трендови од модните писти за 2023-та XXL парчињата облека повторно ќе биде ИН, но кои се новите трендови за 2023?Модн...
Која е младата грофица што ги засени и најубавите жени на Модната недела во Милано? Изгледа како бунтовна и модерна Грејс Кели, а никој не останал рамнодушен на неј...
5 типа ролки кои треба да ги избегнуваат жените по 40-тата година Ролки во здодевни бои и полуролки едноставно не им прилегаат на дамите над 40 го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg