5 места и ситуации на кои не е дозволено да носите фармерки

Фармерките се безвременски и можат да се носат во скоро секакви прилики – од дневни прошетки до забави и вечери. 

definitivno-izbegnuvajte-gi-5-mesta-i-situacii-vo-koi-ne-e-dozvoleno-nosenje-farmerki-01

Но, постојат ситуации во кои носењето фармерки е невкусно и во кои подобро е да ги замените со класични панталони, фустан или здолниште.

Ова се дел од тие ситуации:

1. На венчавка

Кога одите на свадба, најдобро ќе биде да заборавите на фармерките. Според бонтонот, ова правило смее да се прекрши исклучиво ако младенците налагаат максимално лежерен дрес код и кои би одобриле носење фармерки.


2. На погреб

Иако е општо познато, не е на одмет да се напомени дека фармерките не се прикладна облека за вакви сериозни стиуации во кои мораме да покажеме почит кон покојниот и неговото семејството.

Еден од начините на искажување почит е и облекување складно со традицијата која налага парчиња во темни бои – освен ако семејството на покојниот не изрази поинаква желба.


3. Запознавање со семејството на партнерот

Првото запознавање со родителите или другите членови на семејството од партнерот се познати по тоа што создаваат паника и стрес затоа што сакаме да оставиме добар впечаток и да се прикажеме во најдобро светло.

Иако сите познавачи на модата знаат дека со добар „стајлинг“ фармерките можат да изгледаат и поубаво од фустан, поголема е веројатноста дека најдобриот впечаток ќе го оставите во елегантни парчиња како класични панталони или фустан.


4. Интервју за работа

Сите знаат дека постои посебен начин на облекување за интервју за работа. Направени се бројни истражувања кои кажуваат која е најдобрата професионална комбинација, кои бои треба да ги носите... но, во таквиот список фармерките се испуштени.

Макар да се работи за лежерна околина, вашиот изглед треба да биде строго професионален, а фармерките дефинитивно не се дел од вашиот посакуван изглед.


5. Сите ситуации и места кои бараат формално облекување

Театар, уметнички галерии, свечени вечери – според правилата на бонтон, овие места и пригоди налагаат елегантна облека.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог комбинации со животински принтови – совршени за во есен (фото) Доколку ги комбинирате внимателно, деталите со животински принт се одлично освеж...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Впечатливи парови, кул девојки: Уличната мода во Скопје, низ папарацо фотки на Инстаграм профил Од чанти со уникатни дезени, до впечатливи тексас јакни и мантили, скопјани нави...
Плетени волуменозни капи и шалови - моден тренд кој ќе ја одбележи оваа зима (фото) Ако минатата година во мода беа беретките и шеширите, оваа сезона се враќаат пле...
Принтот кој ги освои сите трендсетерки – дали и вие имате парче со овој дезен? (фото) По малку психоделичен, но нималку хипи, тренд кој ѕирка во бохо стилот, дезенот ...
8 модни тајни со кои Скандинавките изгледаат одлично дури и на ниски температури Шарени дебели чорапи, долги кожени јакни, плетени џемпери и дебели елеци наместо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg