Пролетен тренд: Бисери на облеката и обувките

Наместо ѓердан околу вратот, оваа сезона ќе носиме бисери на гардеробата и модните додатоци.

proleten-trend-biseri-na-oblekata-i-obuvkite-1.jpg

Бисерите се безвременски накит кој никогаш не излегува од мода. Кога и да видите бисерен ѓердан, невозможно е да не се сетите на модната куќа Chanel, но и на дамите со темни очила за сонце кои секогаш имаат беспрекорна фризура.

Иако најчесто се синоним за елеганција и гламур, оваа сезона, и луксузните дизајнерски куќи, но и брендовите за улична мода ги користат бисерите на мошне креативен начин.

Фармерките и тексас јакните се „накитени“ со мали и големи, вистински и лажни бисери. Покрај облеката од тексас, бисерите ќе ги има и на другите парчиња облека, како маиците, џемперите и кошулите. Сè е украсено со елегантни бели топчиња.

Пред неколку месеци, трендот со бисерите го најавија модните куќи Comme des Garcons, Givenchy, Miu Miu и Gucci. Веднаш потоа, беше прифатен и од брендовите како Mango, Zara и Topshop, a по нив и од модните блогерки.

Ѕирнавме во понудата и ви ги издвојуваме најубавите парчиња облека, чевли и чанти со бисерчиња.

Инспирирајте се и бидете „ин“ оваа пролет:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог комбинации: Ако мислевте дека не можете да комбинирате розово ... Блок боите се секогаш интересен избор за впечатлив изглед, а оваа пролет во трен...
Нов моден тренд - синџири во плетенките Во новите пролетни колекции сè почесто го гледаме овој тренд на украсување на пл...
Јакната која ќе биде хит во 2017-та Секоја сезона се појавува едно парче облека кое некако успева да го освои целиот...